Митови за сексот во кои не треба да верувате

Повеќето луѓе имаат малку нереална слика за сексот, но тоа што мора да го сфатиме е дека секој од нас има поинаков вкус и сето тоа е индивидуално, смета секс-терапевтката и психолог Гема Криб.

Во нејзината нова книга „Great Sexpectations“ таа прави разлика што е мит, а што е вистина за сексот, а The Sun објави интересни детали од книгата.

Мора да бидете возбудени пред сексот

На некои луѓе им е потребно да почнат со бакнежи и предигра за воопшто да се создаде интензивна желба и копнеж, но тоа не е нешто необично. Едно истражување откри дека 97 проценти од жените и 60 проценти од мажите велат дека имаат секс и кога не се возбудени, а тоа чувство се појавува дури по некое време.

Мажите имаат поголема желба за секс од жените

Либидото на мажите се опишува како поинтензивно, поанимално, а нивната желба за секс се споредува со чувството на глад. Но, желбата за секс не е послаба кај жените, како што многумина веруваат. Во текот на едно истражување, снимките од мозок покажале дека во женскиот мозок се случуваат истите процеси како и кај мажите додека гледаат порно филмови или еротска содржина. Исто така, на намаленото либидо влијаат истите работи кај двата пола, депресија, стрес и незадоволство во врската.

Само жените глумат оргазам

Многу мажи силно се фокусираат на оргазмот на нивната партнерка, а жените неретко чувствуваат притисок дека мора да го постигнат, за да не го повредат партнерот. Докажана е истата работа кај двата пола, 11 проценти од мажите глумат оргазам од две причини. Исти како и кај жените – за да не ја повредат партнерката или сексот да заврши побрзо.

Сите оргазми се исти

Многу луѓе не знаат дека мажите можат да доживеат оргазам и без ејакулација. „Сувиот оргазам“, како што се нарекува, може да се појави од медицински причини, но и поради честа мастурбација.

Жените може да доживеат неколку видови оргазми, некои се подобри од другите. Најбрз е оној преку стимулација на клиторисот, а за оргазам преку стимулација на Г-точката треба малку повеќе да се потрудите. Но, тој е поинтензивен и најмногу се чувствува во внатрешноста на вагината.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе