Млада Месечина во Девица на 15 септември носи големи промени во љубовта

Ретроградниот Меркур, кој започна на 23 август, завршува на 15 септември, забави и полека се движи по својот директен пат, а до крајот на неделата ќе има малку олеснување.

Уште еден важен астролошки аспект ќе се случи на 15 септември, кога младата месечина ќе биде во Девица, а најмногу ќе се почувствува на полето на љубовта. Некои знаци од хороскопот особено ќе ги почувствуваат овие промени на своја кожа, нивните врски ќе станат посилни, постабилни, а оние кои имале некои нејаснотии во односите ќе ги решат на најдобар можен начин. Исто така, во овој период (до 28 септември) има шанса да се решат важни финансиски прашања, на пример, да се постигнат договори за купување стан, селење, делење имот...

Овие 6 знаци на Зодијакот ги очекуваат драстични промени во љубовта поради Младата Месечина во Девица на 15 септември:

ДЕВИЦА

Младата Месечина во вашиот знак ќе ви даде енергија љубовниот живот да го изградите по ваши правила! Ќе донесете важна одлука да го подобрите односот со партнерот и да воспоставите хармонија. Јупитер, владетелот на вашиот љубовен сектор, како и владетелот на полето за недвижнини, ќе влијае врз вас да ги решите важните станбени прашања. Можно е да се вселите во нов стан, да размислувате за реновирање или партнерот да ви предложи да започнете заеднички живот.

РИБИ

Младата Месечина се појавува во вашиот сектор за врски - и да, ова е секако почеток на нова љубов, познанство кое ќе има романтична иднина. Во овој период ќе бидете неверојатно привлечни и неодоливи. Исто така, веројатно е дека партнерот ќе организира заедничко патување. Тоа нема да биде само романтично, туку и скапо и луксузно! Ќе уживате!

БЛИЗНАЦИ

Младата Месечина во вашето поле за недвижнини ќе влијае да започнете нова фаза во однос на вашето место на живеење. Заедно со партнерот ќе донесете одлука да купите стан или плац во друга земја или (ако партнерот е од странство) да се преселите да живеете кај него. Можно е да стапите во врска со личност која има врски со психологија, медицина или е експерт за финансии (работи во даночна или осигурителна компанија).

СКОРПИЈА

Новата месечина во Девица се јавува во вашиот сектор на пријатели, што значи дека на 15 септември можете да започнете афера со колега, пријател или стар познаник. Интересно е што Плутон ќе биде во туристичкиот сектор, што значи позитивно поместување во постоечките односи. Не е исклучено и романтично бегство, некаде во близина на вашето место на живеење, кое ќе го организира вашиот партнер.

БИК

Младата Месечина е во вашиот љубовен сектор, а Јупитер и Уран во вашата прва куќа ќе ви дадат страсна врска. Овој однос најверојатно ќе биде лишен од обврски и конвенции, бидејќи планетите комуницираат во куќите одговорни за слобода и љубов, кои во овој случај не се во конфликт.

ЈАРЕЦ

Младата Месечина е во вашиот туристички сектор, а Јупитер и Уран во љубовниот сектор, што ќе го направи вашиот партнер проактивен. Најверојатно, ќе ви понудат да започнете заеднички живот или да одите на патување заедно. Исто така, самците би можеле да го запознаат својот партнер на некои курсеви, работилници, патувања или при апликација за документи, како на пример - пасош!

Тагови
реклама

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе