Многумина ги јадат, а не знаат дека буковките се успешен предатор

Буковките се едни од ретките месојадни печурки, а имаат свој начин на кој го ловат пленот.

Буковките се јадливи печурки од родот Polyporaceae. Може да се најдат во скоро сите умерени и суптропски шуми, на трупците или листопадни дрвја. Интересен податок е дека за прв пат биле одгледувани во Германија за време на Првата светска војна. И до ден денес останале популарна храна, додека за деликатес се сметаат во јапонската и кинеската кујна. Но, она што малкумина го знаат е дека се едни од ретките месојадни печурки.

Што тоа значи?

Тоа значи дека оваа печурка се храни со цевчести црви и тоа така што претходно ги убива со нервен гас. Мислењето на научниците е дека тоа го прави бидејќи од дрвјата и трулите стебла на кои живее не добива доволно протеини кои ѝ се потребни. Поради тоа развила посебна тактика за преживување која подразбира употреба на топчињата на хифите кои лачат мала количина отров што ги парализира црвите.

За само неколку минути од „нападот“ жртвата умира, а филамент од печурката потоа почнува да продира во трупот на црвот за да го раствори ткивото и да ги собере хранливите материи. Едно ново истражување успеа и да утврди како тие всушност користат нервен гас тип 3-октанон, но и дека неговата успешност во убивањето е толку голема, што сега научниците размислуваат да го употребуваат за заштита на растенија од штетници.

Remote video URL

Меѓутоа, тоа не е сѐ кога се во прашање супер-моќите на буковката, бидејќи други студии укажуваат дека таа може да помогне и во пречистувањето на почва загадена со дизел масло, како и да разградува оксо-биоразградливи кеси.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе