Американскиот дизајнер Вили Чавариа на модната недела во Њујорк претстави колекција од извалкани и искинати гаќи.

Очекувано, реакциите беа негативни и многумина изјавија дека модата станува сè побизарна.
„Богатите сакаат да се преправаат дека се сиромашни“, „Ми се гади од вакви дизајнери кои мислат дека се револуционерни“, „Срамота е што се обидуваат да ја направат сиромаштијата модерна“, „Можам да ги замислам Кање и неговата сопругата како шетаат по улиците на Венеција во овие гаќи“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Чавариа ја започна својата кариера во светот на модата кон крајот на 90-тите. Покрај тоа што е основач на истоимениот бренд, тој работи и како дизајнер за Calvin Klein.
Тврди дека преку облеката што ја создава го покренува прашањето за расната нееднаквост, политиката и сексуалноста.
„Сакам да им покажам на луѓето форми на убавина на кои досега не биле изложени. Сакам да предизвикам емоции кај нив и да им дадам до знаење дека има толку многу непризнаена убавина во светот“, рече тој претходно во интервју за магазинот Town & Country.