AS: Модриќ е фудбалер што нема крај

Шпански AS уште еднаш се распиша за капитенот на Хрватска и играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Шпанците наведуваат дека Лука сега е најамбициозен.

„Кариерата на Модриќ е бескрајна приказна. Пред 38-миот роденден, кога огромното мнозинство фудбалери почнуваат да ги планираат последните чекори во фудбалот, тој е поамбициозен од кога било. Во наредните месеци сака да ја освои Лигата на нации и да го продолжи договорот со Реал Мадрид“, стои на почетокот на текстот, кој продолжува:

„Чувствува дека е доволно силен за тоа, дека има доволно енергија и глад за да докаже дека годините се само бројка. Како што рече Анчелоти: 'Возраста е неважна ако играчот ги исполнува условите. Не си стартер само затоа што имаш 17 години, таа позиција мора да се заработи. Исто е ако имаш 35 или 37 години. На тренерот е да го оцени тоа од ден на ден'“.

„Анчелоти не ја гледа личната карта на Модриќ, за него тој сѐ уште е лидер, носечки столб, работник. Модриќ и со своите недостатоци и некои мани потпишува неверојатно високи бројки, па со 6 гола го израмни рекордот во кариерата. Покрај тоа, има 4 асистенции и шеста сезона по ред учествува во најмалку 10 гола за Реал“, додава весникот.

AS статијата посветена на Модриќ ја завршува со уште едно спомнување на двете негови желби. Едната е трофеј со Хрватска „со која постигна историски резултати“, другата е продолжувањето на договорот со клубот.

„И додека се чинеше дека е при крај, ситуацијата е далеку од тоа. Тој сака нов договор на една година и да ја однесе Хрватска до крај. Фудбалер кој нема крај“, заклучува AS.

Шанса за да ѝ донесе прва титула на Хрватска во едно меѓународно натпреварување Модриќ ќе има на средината на јуни за кога е закажан фајл-фор турнирот во Лигата на нации на УЕФА. Хрватска за пласман во финалето ќе се бори против домаќинот Холандија, а другата двојка ја сочинуваат Шпанија и Италија.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе