Дрон користен за снимање на вулкан во текот на ерупција заврши директно во лава.
YouTube корисникот Џои Хелмс сакаше одблизу да ја сними ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал на Исланд и успеа во тоа, но дронот заврши во лава, пренесе Reuters.
Видеото е снимено на 24 мај и одблизу го прикажува вулканот.
Хелмс лично управуваше со дронот следејќи ја лавата, а кога дојде до самиот кратер успеа да забележи кратка, но спектакуларна снимка. Сепак, работите не се одвиваа според планот бидејќи дронот се урна и заврши во лавата.
Овој вулкан почна да еруптира од март, за првпат од 12 век.