Морачанин: Да придонесеме за целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето

Скопје, 13 декември 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, во Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред неколу дена беше конституирана Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Прв пат оваа група беше формирана во мандатот на претходниот парламентарен состав.

Координаторка на оваа група е пратеничката од ДОМ Маја Морачанин, која во интервју за МИА потенцира дека ваквите неформални групи се корисна алатка за поголема вклученост на граѓанските организации во Собранието и нивна потесна соработка со пратениците што е од огромно значење во подобрувањето на законската регулатива и надзорот над нејзиното спроведување. Исто така, тие придонесуваат за надминување на партиските бариери и поефикасна натпартиска соработка помеѓу пратениците.

Пратеничке Морачанин, која е целта за формирање на неформалната група за поддршка на ЛГБТИ лицата во Собранието?

Целта на неформалната Интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е низ заедничка соработка помеѓу пратениците и граѓанските здруженија да придонесеме за целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето како човекови права и нивна заштита од дискриминација, стигматизација, говор на омраза и насилство. Токму затоа конститутивната седница за формирање на оваа група во Собранието ја одржавме на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. ЛГБТИ луѓето се една од најмаргинализираните и најранливи категории граѓани во македонското општество. Иако во изминатиот период се постигна значајно унапредување на нивните права, пред се, во областа на подобрување на законската регулатива, неопходно е да продолжиме посветено да работиме на оваа тема, особено во делот на имплементацијата на законите, за да може ЛГБТИ заедницата да ги почувствува овие промени во секојдневното живеење.

Колку пратеници од овој собраниски состав се придружија на оваа група и како ќе функционира таа?

Во моментов групата брои 11 пратенички и пратеници од различни политички партии, а веќе и други пратеници најавија приклучување. Како група функционираме во заедничка соработка со граѓанските здруженија кои ги познаваат и артикулираат проблемите и потребите на ЛГБТИ заедницата. Исто така, тие располагаат со стручна експертиза и долгогодишно искуство во областа на човековите права и недискриминација. Заедно подготвуваме Акциски план за работа на групата во следната година.

Првпат ваква група за поддршка на ЛГБТИ лицата беше формирана во минатиот собраниски состав, а вие бевте поддржувач и тогаш. Какви беа вашите активности како пратеници во поддршка на овие лица?

За првпат парламентарната група за правата на ЛГБТИ луѓето се формираше во февруари 2018 година, на иницијатива на невладиниот сектор. На почетокот во групата учествуваа шест, а на крајот на мандатот, 14 пратенички и пратеници од различни политички партии и независни пратеници. Формирањето и активноста на групата, како единствена во државите од регионот, беше нотирано и во Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. Со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Кривичниот законик, како и усвојувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, овозможивме сексуалната ориентација и родовиот идентитет да се внесат како основ за дискриминација. Учествувавме во низа дебати и конференции, како и во медиумската кампања „Не суди кој кого љуби“, со цел подигање на јавната свест за елиминација на говорот на омраза, насилството и дискриминацијата на ЛГБТИ луѓето. Членови на групата учествуваа на првиот Скопје Прајд, во јуни 2019 година, на кој како координаторка на групата имав чест да се обратам пред присутните. На 17 мај 2018 година, Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, кој ширум светот се одбележа под мотото „Сојузништва за солидарност”, групата преку соопштение на интернет страната на Собранието ја изрази својата солидарност и поддршка на ЛГБТИ луѓето, што е прва јавна поддршка за ЛГБТИ луѓето во историјата на Собранието. Особено задоволство и чест за нас беше што токму на оваа група, на 17 мај 2019 година, на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, од страна на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, и беше доделена наградата за поддржувач на годината. На иницијатива на групата, Министерството за надворешни работи превзема постапки за приклучување на Р.С. Македонија во меѓувладината Коалиција за еднакви права (ERC) и не информираше дека од 31 мај 2019 година нашата држава и формално е членка на групата.

Секој собраниски состав има повеќе неформални групи за поддршка. Во минатиот состав беше оваа група, потоа групата за заштита на Охридското езеро, за поддршка на активности на младите и.т.н. Имате ли информација колку вакви групи за поддршка се формирани во овој собраниски состав и дали тие ја постигнуваат целта за која се формирани или треба нешто да се менува во таа насока?

Во Собранието постојат повеќе неформални групи. Со најдолго искуство е Клубот на пратенички, формиран во 2003 година, во кој учествуваат сите пратенички, независно од нивната партиска припадност. Во овој мандат Клубот на пратенички се уште не е конституиран, но во тек се подготовките. Првпат во минатиот собраниски состав се формираше Клубот за младински прашања и политики, кој неодамна се конституираше и во овој парламентарен состав. Во тек е и иницијативата за формирање на Интерпартиската парламентарна група за лица со попреченост, која има долгогодишна традиција на функционирање во Собранието. Минатиот месец, на иницијатива на граѓанското здружение О2 Иницијатива, се формираше Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени. Очекувам дека наскоро повторно ќе се формира и Интерапартиската парламентарна група за правата на Ромите. Сметам дека неформалните групи се корисна алатка за поголема вклученост на граѓанските организации во Собранието и нивна потесна соработка со пратениците што е од огромно значење во подобрувањето на законската регулатива и надзорот над нејзиното спроведување. Исто така, тие придонесуваат за надминување на партиските бариери и поефикасна натпартиска соработка помеѓу пратениците.

Подготви: Елизабета Вељановска Најдеска

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе