Морбидна закана на Вајлдер: Само во боксот смееш да убиеш човек и да ти платат за тоа

Непоразениот американски боксер во тешка категорија, Деонте Вајлдер, во сабота ќе боксува против предизвикувачот Доминик Бризил. Борбата ќе претставува кулминација на двегодишниот конфликт помеѓу двајцата боксери, а Вајлдер дополнително „ја подгреа“ атмосферата со сериозни закани до Бризил.

Бројни критики беа упатени на адресата на Вајлдер поради неговите коментари за противникот, во кои го советуваше дека „треба да си најде гробно место уште пред борбата“.

Деонте Вајлдер (40-0-1, 39 нокаути) реши да ги потсети љубителите на боксот на филмот „Rocky IV“, кога филмскиот лик Иван Драго рече за неговиот противник: „Ако умре – умре“. Американецот го направи тоа во негов стил, а конечната изјава звучеше морбидно, дури и повеќе отколку во филмот.

„Доминик (Бризил) го бараше ова, не јас. Тој ме побара, па ако смртта дојде по него – добро. Ова не е џентлменски спорт туку брутален спорт, често го кажувам тоа. Можете да прашате било кој доктор во светот и секој ќе ви каже дека не треба да ве удираат во главата, но сепак го правиме тоа“, рече Вајлдер.

Бризил и Вајлдер за првпат влегоа во конфликт пред две години, во Алабама, кога се случи и физичка пресметка помеѓу екипите на двајцата. Оттогаш и едниот и другиот имаа остри зборови за ривалот, но се чини дека овојпат Вајлдер ја премина линијата, повикувајќи на убиство на противникот во рингот.

„Ова е единствениот спорт во кој можеш да убиеш човек и да добиеш пари за тоа. Кога е легално, зошто да не го направам тоа? Неговиот живот е во опасност, бидејќи и понатаму се обидувам да имам убиство во рингот во моето резиме“, додаде Вајлдер.

Коментарите на Вајлдер доведоа до огромна дебата околу тоа дали медиумските провокации пред мечовите треба да имаат граница, со оглед на тоа што во боксот постои вистинска опасност дека еден од боксерите би можел да го убие другиот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе