Москва: Ликвидирани повеќе од 70 терористи во Белгородската област

Макфакс
/ 23.05.2023 / 14:19

Во текот на антитерористичката операција во регионот Белгород уништени се украински нацистички формации, соопшти руското Министерство за одбрана, пренсува RT Balkan.

„Дел од групата е протеран од Белгородската област на територијата на Украина, убиени се повеќе од 70 терористи, а уништени се четири пешадиски борбени возила и пет други возила“, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Москва објави утринава дека украинска диверзантско-извидувачка група вчера влегла на територијата на округот Граиворонск во областа Белгород и дека армијата и безбедносните сили на Русија ги преземаат сите мерки за нејзино елиминирање.

На тоа подрачје беше воведен режим на антитерористичка операција со кој се воспоставуваат посебни мерки и привремени ограничувања.

„Откако претрпе пораз во Артјомовск (Бахмут), киевскиот режим продолжи да спроведува терористички акции против цивилното население. Вчера, по интензивното артилериско гранатирање на меѓународниот контролен пункт Козинка, како и на голем број други цивилни објекти во Граиворонскиот округ на Белгородската област, единица на украинската националистичка формација изврши инвазија на територијата на Русија“, беше посочено во соопштението.

Во него се додава дека за време на антитерористичката операција, „авијацијата, артилерија и единиците кои ја покриваа државната граница на Западниот воен округ, ги блокираа и ги победија нацистите“.

Денес со соопштение излезе и прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој посочи дека украинскиот прекуграничен напад во регионот Белгород, кој резултираше со најмалку осум повредени цивили, предизвикува голема загриженост и ќе бидат потребни значителни напори за да се спречи вакви инциденти повторно да се случат.

„Она што се случи вчера предизвикува длабока загриженост и уште еднаш потврдува дека украинските милитанти продолжуваат со своите активности против нашата земја. Овие напори продолжуваат, а продолжува и специјалната воена операција за да се спречат вакви упади во иднина“, рече Песков коментирајќи го нападот.

На барањето да ги коментира извештаите дека упадот бил организиран од етнички Руси, Песков ги опиша сторителите како „украински милитанти“.

„Има многу етнички Руси кои живеат во Украина, но тие сепак се украински милитанти“, елаборираше тој.

Песков алудираше на изјавите на украинските официјални лица, кои тврдат дека нападот го извршила т.н. легија Слобода на Русија и Рускиот волонтерски корпус (РДК), групи составени од руски колаборационисти кои се борат за Киев.

РДК претходно ја презеде одговорноста за сличен смртоносен упад во рускиот регион Брјанск пред два месеца, во кој животите ги загубија двајца цивили.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе