Москвич се врати на производна лента по 20 години

Денеска, по пауза од две децении, Русија го рестартираше производството на Москвич, автомобилски бренд од советската ера, во поранешната фабрика на француски Renault, соопшти руското Министерство за индустрија и трговија.

Во мај, Renault продаде мнозински удел во автомобилскиот производител Автоваз на руската држава, наводно за една рубља, со можност за откуп во рок од шест години.

Француската компанија исто така за една рубља ја продаде фабриката која сега се нарекува Московскa автомобилска фабрика Москвич, потсетува Reuters. Таа фабрика сега треба да го произведува Москвич, автомобилски бренд од ерата на Советскиот Сојуз. „Првиот Москвич ќе излезе од производната линија во декември 2022 година“, соопшти рускиот производител на камиони „Камаз“, технолошки партнер на фабриката.

Целта е да се произведуваат 100.000 примероци годишно

Крајната цел е да се произведуваат 100.000 возила Москвич годишно, вклучувајќи ги и нивните електрични верзии, значително помалку од просекот за автомобилската индустрија, чии фабрики произведуваат од 200.000 до 300.000 автомобили годишно.

Оваа година би требало да се произведат 600 примероци. Москвич би можело да се врати во изменета верзија бидејќи ќе биде произведен користејќи ги дизајнот, инженерството и производствената платформа на кинескиот производител на автомобили JAC, изјавија неименувани извори за Reuters.

Западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина го отежнаа пристапот до делови произведени од странство, а многу странски производители на автомобили ја напуштија земјата. „Камаз“ и руската влада воспоставија нови синџири на снабдување, но не откриваат детали.

Москвич е опишан како урбан теренец

„Во блиска иднина задача е да се воспостават процеси на склопување од мал обем со вклучување на локални добавувачи до крајот на 2023 година“, се вели во изјавата на министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. Министерството најави дека со почеток на целосно производство ќе се овозможи отворање на дополнителни 40.000 работни места.

Москвич 3, опишан како урбан теренец со бензински мотор и автоматски или мануелен менувач, ќе биде пуштен во продажба во декември, соопшти Министерството. Релансирањето на Москвич веројатно нема да ги промени мрачните прогнози за руската автомобилска индустрија, која би можела да продаде помалку од еден милион автомобили оваа година за прв пат во модерната историја на Русија, забележува Reuters.

Тагови
реклама

Падна нов договор за цената на руската нафта

Read more

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Бојата на столицата може да открие дали имате висок холестерол

Read more

Авто новости

Кога ќе се изедначат цените на бензинците и електричните автомобили?

Read more

Кои модели на автомобили имаат најголема километража?

Read more

Шефот на Volkswagen предупредува: Европа ја губи конкурентноста

Read more

Пристигна првата електрична Opel Astra

Read more
 

Автомобили

Кога ќе се изедначат цените на бензинците и електричните автомобили?

Читај повеќе

Кои модели на автомобили имаат најголема километража?

Читај повеќе

Шефот на Volkswagen предупредува: Европа ја губи конкурентноста

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првата електрична Opel Astra

Читај повеќе
  • play_arrow

Во Шведска веќе возат самоуправувачки камиони – дали ќе им ја земат работата на камионџиите?

Читај повеќе

„Црн мраз“ – една од најопасните стапици на возењето во зима

Читај повеќе
  • filter

Lancia претстави ново лого и футуристички дизајн „за следните 100 години“

Читај повеќе

Што ново ќе возат полицајците во Шпанија?

Читај повеќе

Како да спречите замрзнување на автомобилските стакла?

Читај повеќе