Можни се локализирани карантини во општини каде не се почитуваат мерките

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче извести за состојбата со COVID-19 во земјава.

Тој најави дека можни се таргетирани, локализирани рестрикции за движење согласно бројот на нови случаи, ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, што и се дискутирало на денешната средба на Комисијата за заразни болести.

„Ако се почитуваат мерките за самоизолација и носење заштитна опрема нема да има потреба од нови рестрикции, но будно ја следиме ситуацијата“, рече Филипче и додаде дека новозаболените се од познати кластери, а околу 30% се контакти од надвор со познати кластери.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени, ако продолжи непочитување на мерките за заштита. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром  каде има поголема концентрација на нови заразени од  периодот на строгите рестриктивни мерки. Половина од 52 новозаразени (односно 26) во изминатите 24 часа се од Скопје.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли, а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање.

Нагласи дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и, како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.

„Огромен број граѓани не се свесни за вирусот и болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата“, предупреди Филипче.

Од 661 тестирање, има 52 новозаболени со COVID-19 во изминатите 24 часа во земјава, потврди Филипче. По градови, во Скопје има 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 1 и по еден во Велес и Кочани.

Зголемена е концентрацијата на заболени во скопските населби Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром, поради непочитување на мерките за самоизолација и заштита. Има и заразени кои се инфицирале кога имало строги мерки за движење, а загрижуваат информациите за граѓани кои со решенија за самоизлација се шетаат надвор.

Филипче нагласи дека загрижуваат информациите за непочитување на мерките за самоизолација и заштита. По извршените надзори во Тетово е утврдено дека не се почитуваат мерките за самоизолација и за заштита, а во Штип не се почитувале правилата за транспорт, особено во конфекциите.

Филипче нагласи дека голем проблем е одбивањето на соработка со здравствените работници и епидемиолозите кои имаат потешкотии за спроведување на епидемиолошките анкети – некои пациенти даваат лажни информации и адреси, па тешко е да се достават решенијата за самоизолација.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе