Mozilla подготви екстензија за Firefox со која Facebook не може да ги следи корисниците

Познато е дека социјалната мрежа Facebook ги следи своите корисници на различни начини, а компанијата Mozilla одлучи да понуди заштита, па подготви екстензија за својот прелистувач Firefox.

Новата екстензија под назив „Facebook Container“, им овозможува на корисниците на Firefox да ја изолираат својата активност на Facebook, односно на оваа социјална мрежа и е отежнато следењето на активностите на нивните корисници и на други места на интернет.

Целта е она што корисниците го пребаруваат на интернет да не се појавува на нивниот news feed на Facebook.

„Страниците кои ги посетувате на интернет можат да откријат многу за вас. Можат да откријат каде живеете, какво хоби имате, како и вашата политичка определба. Постои огромна вредност во поврзување на овие податоци со вашиот профил на социјалните мрежи, а Facebook има мрежи на различни сајтови“, велат од Mozilla.

Сепак, екстензијата е далеку од совршено решение, бидејќи таа нема да биде ефикасна на страниците кои им овозможуваат на корисниците да направат профил и да се логираат на Facebook.

Надградбата од Mozilla доаѓа во време на скандалот кој го тресе Facebook, поврзан со компанијата Cambridge Analytica, која искористила податоци од 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа без директна дозвола.

Пребарувачот не спречува пристап, но им дава на корисниците повеќе контрола над типови на податоци до кои Facebook има пристап.

Од Mozilla најавија и дека ќе го „паузираат“ рекламирањето на Facebook, додека основачот и директорот Марк Закерберг не преземе сериозни мерки со цел за заштита на податоците.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе