ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Мурињо: Не ми е гајле што рекол Погба

Португалскиот стратег реши да не реплицира на провокациите кои ги испрати играчот на Манчестер Јунајтед кон него.

Пол Погба направи споредба помеѓу неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо и сегашниот Оле Гунар Солскјер со тоа што Португалецот заврши во негативна конотација.

„Она што сега го имам со Оле е различно, тој никогаш не би се свртел против играчите. Никогаш не би го направил тоа. Можеби Оле не би одбрал некој играч, но никогаш не би го тргнал на страна како повеќе да не постои. Таа е разликата помеѓу Мурињо и Оле“, рече францускиот фудбалер говорејќи за Sky Sports.

Нормално, бидејќи е прозван Мурињо, кој обично секогаш има одговор за сѐ, од Sky Sports го контактираа за да реплицира. Но, изненадувачки, Мурињо само кратко кажа дека не му е гајле што зборува Погба.

„Она што можам да го кажам е дека воопшто не ми е гајле што вели Погба. Воопшто. Не ме ни интересира“, одговори тој.

Жозе Мурињо седна на клупата на Манчестер Јунајтед во мај 2016, а Погба дојде подоцна тоа лето. Нивната соработка траеше до декември 2018 кога Мурињо доби отказ.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе