СЕРИЈА А 2023/2024

Мурињо преку момче собирач топки му испрати тајна порака на својот голман

Фудбалерите на Рома синоќа ремизираа 1:1 со Фиорентина во 15. коло од Серија А, иако натпреварот го завршија со дури двајца играчи помалку.

Ромелу Лукаку ја доведе Рома во водство во 5. минута, а римскиот клуб остана со десетмина во 64. минута откако Никола Залевски беше исклучен поради втор жолт картон.

Фиорентина израмни само две минути подоцна преку Мартинес Куарта, а потоа тргна на трите бода.

Во 87. минута Рома остана со девет играчи откако Лукаку доби црвен картон поради фаул, а тренерот на „Волчицата“, Жозе Мурињо, потоа посегна по нова финта која само нему може да му падне на памет.

Лукаку сѐ уште не го ни напушти теренот, а Мурињо го повика едно од момчињата што собираат топки. Прво усно му даде упатства за голманот Руи Патрисиу, но момчето не можеше да ги запомни, па Португалецот истрча до својата клупа и на хартија напиша порака за својот голман.

Момчето истрча кај Патрисиу и му ја врачи пораката, а голманот на Рома му го врати ливчето кое момчето решило да го чува како убав спомен.

URL

Многумина се прашуваа што напишал Мурињо, а гледајќи ја фотографијата од ливчето јасно се гледа дека се работи за инструкции при корнер за Фиорентина.

Имено, со оглед на тоа што врвниот скокач Лукаку беше исклучен, Мурињо мораше да ги прераспредели играчите во шеснаесетникот, а на првата статива му нареди на Патрисиу да ги смести Стефан Ел Шаарауи и Едоардо Бове.

Дали тактиката на Мурињо ќе успееше не дознавме бидејќи Фиорентина немаше ниту еден корнер до крајот на натпреварот, три минути од регуларниот дел и осум минути судиско надополнување.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе