Мурињо: Судиите се луѓе и грешат, но ВАР грешки не прифаќам

„Специјалниот“ не може да сфати како грешки и натаму се прават кога технологијата се воведе за да ги среди контроверзиите.

Стратегот на Тотенхем е бесен на ВАР, велејќи дека нема изговор за судиите да пропуштаат важни ситуации кога сега и технологијата ја имаат на помош.

ВАР и по само неколку кола сезонава е во центарот на вниманието откако низа контроверзни одлуки беа донесени. Минатата сабота во Месисајд дербито голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, избегна казна за несмасниот фаул над Вирхил ван Дајк од Ливерпул по кој Холанѓанецот сега се соочува со долга пауза поради серозна повреда на коленото.

„Мислам дека вниманието сега се базира на фактот што тука е ВАР. Без ВАР, ситуациите на теренот се случуваат на тој начин што судиите, човечки супштестав, грешат“, вели Жозе Мурињо.

„Мене ме знаете веќе со години. За мене беше тешко да ги прифатам човечките грешки, но научив, и во овој момент секогаш ги прифаќам судиските грешки“.

„Она што не го прифаќам се ВАР грешките. Па, мислам дека ако судиите на тој натпревар (Мерсисајд дербито), ако помошникот кренеше за офсајд сите ќе речеа 'Ок, грешка беше, но се случи, тоа е'. Проблемот е што имаше ВАР“.

Португалецот се осврна и на инцидентот од средата во Лигата на шампионите на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Порто. Илкај Ѓундоан од редовите на „Граѓаните“ не доби црвен картон и покрај очигледниот фаул над гостинскиот голман Агустин Марчесин, а кратко потоа Сити доби пенал поради фаул од Пепе.

И двата инцидента, тој со Порто и Мерсисајд дербито, беа прегледувани од ВАР, но немаше промена на одлуката на судијата.

„Голманот на Порто сега можеби има скршена нога. Никој не разбира како скршена нога на голманот на Порто се претвори во пенал против нив“, зачудено прашува Мурињо.

Според Мурињо, и Пикфорд и Ѓундоан требало да добијат црвени картони. Прифаќа дека судиите може да згрешат поради брзината на случувањата, но затоа постои ВАР, сето тоа убаво да го види.

„Кога судиите грешат, сите имаме разбирање за тоа бидејќи се работи за дел од секунда, но сега има ВАР. Како може ВАР да греши? Ситуацијата со Пикфорд за мене е иста. ВАР е крив, не судиите“.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе