МЗТ со пораз ја заврши кошмарната сезона во АБА лигата

МЗТ со пораз ја заврши кошмарната сезона во АБА лигата, во која сепак успеа да избори опстанок. Македонскиот шампион беше поразен од Морнар 63:69.

Сезоната во која срамежливо се најавуваше пласман во горниот дел од табелата, МЗТ ја заврши на претпоследното место во АБА лигата, со осум победи и 18 порази и само благодарени на подобриот меѓусебен скор со Крка избори опстанок.

Мечот во „Јане Сандански“ немаше натпреварувачко значење, но тоа не им значеше многу на домашните кошаркари, кои пружија уште една бледа партија. Мечот со Морнар најдобро ја отсликува целата сезона на МЗТ, во која имаше бројни промени во стручниот и играчкиот кадар.

Израмнетото прво полувреме им припадна на гостите од Бар кои во финишот со серија 1:7, стекнаа предност од четири поени (31:35).

Третата и почетокот на последната четвртина целосно му припадна на Морнар, чии кошаркари стигнаа до максимални 17 поени предност (43:60).

Тука Морнар застана, што МЗТ го искористи и за пет минути со серија 20:5 се доближи на два поени од противникот. Во последните 50 секунди Морнар влезе со 63:65, но до крајот МЗТ не искористи два напади, а гостите постигнаа четири поени за конечни 63:69.

Дреновац со 21 поен го предводеше МЗТ, тој беше единствениот играч на „металците“ со двоцифрен број на поени. Девет кошеви постигнаа Симоновски, Лалиќ и Клоф. 

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе