На Ѓоковиќ му пукна филмот во Монте Карло, публиката го исвирка

Во осминафиналето на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети одиграа сосема неочекуван меч полн со пресврти, а српскиот тенисер во еден момент реши да се пресмета со судиите.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Музети беше сè, само не она што го очекувавме. Фаворизираниот српски тенисер го доби првиот сет со резултат 6:4, а потоа во вториот видовме нешто што веројатно не се случило со години.

Ѓоковиќ загуби пет сервис-гема во еден сет. Музети направи пет брејка против Ѓоковиќ во еден сет, а на крајот го доби сетот со резултат 7:5.

Во еден од гемовите од вториот сет, Ѓоковиќ целосно „полуде“. Го разлути одлуката на судијата, при што беше во право.

URL

Ѓоковиќ го повика судијата да ја провери траекторијата на топката откако ударот на Музети излета од линијата. Сепак, главната судијка не виде добра трага и бодот остана за Италијанецот. Последователно, ТВ-снимката покажа дека Ѓоковиќ бил во право, односно дека топката навистина била надвор од теренот.

Сепак, расправијата со судијата околу таа ситуација траеше повеќе од една минута, а Ѓоковиќ поради расправијата беше исвиркан од публиката во Монте Карло.

За да биде „лудилото“ комплетно, мечот беше прекинат поради дожд во третиот сет и нема индикации кога би можело да продолжи.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе