На Градски нема да се игра Мундијал, ССДП не одговарале на повиците на КОНИФА

Откако од АД за Стопанисување со станбен и деловен простор тврдеа дека никој од нив не побарал дозвола за изнајмување на арената „Тоше Проески“, од КОНИФА се јавија со тотално спротивна информација.

Завчера во изјава за МИА извесен Јон Фрчкоски од АД за Стопанисување со станбен и деловен простор изјави дека нив КОНИФА никогаш не ги контактирала за да го изнајми нашиот најголем стадион на кој планираше да се игра по некој натпревар (вклучително и финалето) од претстојниот Мундијал за непризнати земји и народи без држава.

„Ниту сме имале, ниту имаме навестување за барање за одржување на ваков настан на арената „Тоше Проески“. По шпекулациите во дел од медиумите во врска со овој настан, разговарано е во нашето претпријатие и заклучено дека немаме интенција да го отстапиме стадионот на користење за фудбалски натпревари на било кој субјект, освен на македонски екипи и се разбира на репрезентацијата“, рече Фрчкоски.

Саша Диеркоп, кој е генерален секретар на КОНИФА, се јави со тотално спротивно тврдење, пренесува MacedonianFootball.com.

„Ја прочитавме нивната изјава која ни е премногу смешна. Па ние се обидовме да воспоставиме контакт со нив едно педесетина пати, но никогаш не кренаа слушалка. Така да, навистина, ние никогаш не зборувавме со нив“.

Уште поинтересно е што во ова наше претпријатие сметаат дека Фудбалската федерација на Македонија е таа која треба да даде дозвола за ова натпреварување, што воопшто не е точно.

„Мислам дека сите други заинтересирани за одигрување фудбалски натпревари на нашиот стадион, прво треба да ја контактираат Фудбалската федерација на Македонија. А колку што ми е познато, ниту ФФМ нема никави сознанија за организирање на ваков Мундијал кај нас“, рече Фрчкоски за МИА.

Во ФФМ и тоа како имаат сознанија за одржувањето на овој Мундијал, меѓутоа тоа едноставно нема никаква врска со нив. ФФМ не е надлежна за изнајмување на „Тоше Проески“, ниту пак е членка на КОНИФА и во целава ситуација е небитен фактор. За изнајмување на Арената единствено се прашува АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, каде очигледно никој не сака да зборува на телефон. Доколку навистина немале намера да го отстапат стадионот, културно е тоа да му го соопштеле на оној кој сакал да го изнајми наместо да го игнорираат па потоа преку медиуми да излегуваат со изјави дека не сакаат да го изнајмат или топката да ја префрлаат кај ненадлежната ФФМ.

А кога станува збор за КОНИФА, Мундијалот ќе се игра и тоа ќе се игра во Македонија. Само, ниту еден натпревар нема да се игра на „Тоше Проески“, ќе се игра на други стадиони ширум Републикава каде стопанисуваат малку поодговорни луѓе кои културно кренале слушалка кога некој им ѕвонел.

„Бидете без грижи, ги имаме резервирано сите потребни стадиони. Наскоро ќе ја објавиме целосната листа на стадионите на кои ќе се игра Мундијалот“, порачуваат од КОНИФА.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе