Одговорот може да ве изненади.

Понекогаш ќе замениме само еден пар гуми, а дури и да не го правиме тоа, гумите на погонските тркала повеќе се трошат. Кога е време за промена на гуми (летни со зимски), што да се прави со двата пара гуми, од кои едниот е повеќе истрошен?
На која осовина да ги ставиме гумите со подлабока „шара“ а на која поизабените? Важно прашање. Впрочем, трошењето на гумите на погонската осовина е значително поголемо поради зголеменото оптоварување.
На задната осовина секогаш треба да се поставуваат подобрите гуми, без разлика на видот на погонот, објаснуваат од германскиот TÜV. Тоа е клучно за стабилноста на возилото.
Како што пренесува Auto-Zeitung, со полоши гуми на задната осовина, задниот дел од возилото може да „забегува“, односно да се пренасочува, особено во кривини.
Сепак, не ги занемарувајте предните гуми, кои секогаш треба да имаат доволна длабочина на профилот, бидејќи тие се исклучително важни за прецизноста на управувањето, однесувањето во управувањето, сопирањето на влажни коловози, на мраз и снег.
Тие исто така играат важна улога во одржувањето на насоката на движење во случај на аквапланинг.
За да се избегне претерано различно абење, гумите на предната и задната осовина треба да се „ротираат“ на секои 10.000 до 15.000 километри.