На Лавров му „пукна филмот“ пред новинарите: Не сакам да разговарам со вас

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров денеска во Москва одржа прес-конференција на која зборуваше за актуелната ситуација во Украина и повтори дека целта на Русија е демилитаризација и денационализација на оваа земја.

На почетокот на конференцијата Лавров објасни дека Русија воспоставила голем број посебни врски со источните украински региони Доњецк и Луганск. Тој исто така рече дека Русија усвоила голем број мерки кои ќе им го олеснат животот на граѓаните на Донбас.

„Тие имаат право да живеат на таа земја и да ги негуваат своите културни, јазични и други традиции. Овие традиции се градат во подрачјето на Донбас со векови, а Украина се обиде да ги забрани“, рече Лавров.

За разлика од презентацијата на министерот за надворешни работи на Русија, најинтересниот дел од конференцијата следеше откако Лавров почна да одговара на новинарски прашања.

Меѓу другото, на прес-конференцијата присуствуваа голем број западни медиуми кои побараа одговор на прашањата од Лавров, зошто што Русија врши целосна инвазија на Украина и нејзиниот главен град Киев.

На прашањето како ја коментира изјавата на Зеленски дека е подготвен да разговара за неутралноста на Украина и постигнување договор, Лавров рече дека украинскиот претседател лаже.

„Претседателот Зеленски не ја кажува вистината, тој ве лаже. Двапати имаше можност да разговара за безбедносни прашања, но тој одби. Ние предложивме дискусија за безбедносните гаранции и тој беше свесен за тоа. Единствениот услов беше да се договориме за примената на документите потпишани на највисоко ниво за неделивоста на безбедноста.Тој не го сакаше тоа, неговите западни сојузници не сакаа да ги спроведат овие договори“, рече Лавров.

После тоа, новинарите го прашаа Лавров која е целта на руската воена операција и дали една од опциите е соборување на демократски избраната влада во Украина.

„Сите одговори се во обраќањето на Путин. Не можеме да ја признаеме владата како демократска ако таа врши геноцид врз својот народ. Дали е тоа демократија? Дали е тоа демократска влада која му забранува на населението да го користи својот јазик? Зеленски рече дека оние луѓе кои се сметаат себеси за дел од руската култура треба да ја напуштат земјата. Што би се случило доколку вакво нешто се случи во Франција или Белгија? Не можам да го замислам тоа. Сепак, Западот ги гледа само своите себични интереси“, рече шефот на руската дипломатија.

Тој уште еднаш тврдеше дека целта на Русија е денацификација и демилитаризација на Украина.

На изјавата на новинарите дека Лавров преку еуфемизми зборува за руската инвазија на Украина, шефот на руската дипломатија рече дека западните функционери најмалку можат да зборуваат за еуфемизми.

„Ние сме заинтересирани да ги видиме Украинците независни, да имаме влада која ќе ги претставува сите граѓани на таа земја. Кога зборуваме за еуфемизми, видовме многу од тоа кај Англосаксонците. Описот на сите нивни интервенции во Југославија, Ирак Либија беше дефиниран како борба за демократија. Не сакам да разговарам за тоа со вас“, рече Лавров.

Крајот на прес-конференцијата беше означен со жестока дискусија меѓу Лавров и новинар на CNN, кој моментално е во Украина. На прашањето дали Русија сака да го обезглави украинското раководство и зошто го бомбардира Киев, Лавров го обвини новинарот дека очигледно не бил информиран за руските позиции, иако известува од Украина.

„Разбирам дека немате време да ја прочитате руската позиција, но ве молиме направете го тоа еднаш. Ако сте во Украина, мора да ги советувате луѓето во Украина да читаат малку. Никој не сака да ги напаѓа граѓаните, да ги вознемирува украинските војници. Ние само сакаме да го запреме геноцидот и нацизмот во Донбас. Не напаѓаме цивили и домови. Зошто досега не сте известувале од контактната линија на Донбас? Зошто не сте исвестувале од територијата под контрола на Украина во Донбас? Дали некој од вас го посетил Донбас и видел што личат училиштата и другите објекти во околината?“, заклучи Лавров.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе