На летовите со Wizz Air од 1 мај со маски

Екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност ќе се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците, предвидуват новите дополнителни мерки за хигиена што ќе ги применува од 1 мај нискотарифната авиокомпанија Wizz Air.

-Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракцијата на аеродромот. Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите ленти за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот, стои во соопштението од авиокомпанијата.

Оттаму дополнуваат дека ХЕПА филтрите на сите нивни авиони филтрираат до 99,7 проценти од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, но оти екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот.

-Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците, наведуваат од Wizz Air.

Засега нема официјални најави кога ќе се нормализира одвивањето на авиосообраќајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе