На Марс регистриран досега најсилниот потрес

 InSight го регистрираше досега најсилниот потрес на Црвената планета, соопшти НАСА.

Леталото слета на површината на Марс во ноември, 2018 година со задача да собере информации за длабоката внатрешност на Црвената планета. Опремен е со сеизмометар наречен SEIS кој ги следи сеизмичките активности.

Досега се забележани повеќе од 1.300 мали потреси благодарение на сеизмометарот отстапен од француската вселенска агенција ЦНЕС. Овој инструмент ги анализира промените во сеизмичките бранови додека минуваат низ кората и јадрото на планетата.

Неколку месеци по пристигнувањето на Марс, InSight го пријави првиот марсотрес чија јачина одговара 2,5 степени по Рихтер на Земјата. Меѓутоа, научниците биле уверени дека на Црвената планета се случуваат и посилни потреси, а по повеќе од 4 години добија и потврда. InSight месецов на Марс забележа марсотрес со јачина од 5 степени.

„Откако го спуштивме сеизмометарот во декември, 2018 година чекавме да го регистрираме овој голем марсотрес, кој ни дава увид во планетата како ниеден претходно. Научниците ќе ги анализираат овие податоци и ќе научат нови факти за Марс“, изјави Брус Бенердит, главен истражувач во програмата InSight на лабораторијата на НАСА.

Најновиот марсотрес го собори претходниот рекорд кој изнесуваше 4,2 степени.

Неколку дена по регистрирањето на најсилниот потрес, InSight влезе во безбедносен мод бидејќи нивото на енергија опадна под минималното.

 

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе