Денови на донирање

На модна аукција наддавајте се за креација на македонски дизајнери

Убавината на филантропијата и модата ќе бидат во фокус утревечер, 1 ноември, кога во скопскиот клуб Интермецо ќе се одржи аукција на креации на македонски дизајнери.

Конект ја спроведува кампањата „Денови за донирање“, со амбиција ова да прерасне во традиционална национална кампања за филантропија што секоја година на илјадници граѓани и компании ќе им овозможи да ја искусат радоста и моќта на здруженото донирање.

„Градиме свест за важноста на приватното донирање и го формираме првиот донаторски фонд во Република Северна Македонија каде се здружуваат средства на граѓани и компании. Донаторскиот фонд ќе поддржува непрофитни проекти и иницијативи во неколку области поврзани со Целите за одржлив развој на ОН: квалитетно образование, достоинствена работа и одржлив раст, добро здравје и благосостојба, и искоренување на сиромаштијата“, објаснуваат од Конект.

Фондот ќе применува највисоки меѓународни стандарди за филантропски фондови, транспарентност и отчетност. Конект ќе го следи, осигура и известува кон донаторите и јавноста за поддржаните проекти и влијанието на донациите.

Македонските модни дизајнери изразија желба да донираат дизајнерски парчиња и со средствата да го поддржат фондот. Присутните ќе се наддаваат за креации на дизајнерите Никола Булевски Буле, Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Силвија Михајловска (Алшар), Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Антонија Гугинска (Milkbrides), Наталија Терзијоска (Terziya), Симон Ендровски, Златко Јовановски (JZJ) и Катерина Тошева.

„Средствата ќе се вложат во донаторскиот фонд на Конект за организации кои го менуваат животот на нашите сограѓани и носат: квалитетно образование, инклузија на најранливите, достоинствено вработување, надминување на попреченоста и сиромаштијата, грижа за животната средина. Со дел од нив ќе се запознаете и на настанот“, вели програмскиот директорна Конект, Виктор Мирчевски.

Ќе се донира на повеќе начини:

Со наддавање за дизајнерските облеки

Во каталогот се поставени скромни почетни донации за секое дизајнерско парче. По регистрацијата при што ќе ја добиете вашата палка за аукцијата ќе може да се наддавате за вашиот омилен дизајн. Минимално зголемување на сумата е 300 денари. Највисокиот износ ќе го добие дизајнерското парче за возврат на реализираната донација.

Дополнителни донации

Доколку не успеете да го добиете посакуваното дизајнерско парче, а сепак сакате да придонесете во донаторскиот фонд отворени сме за вашата доброволна донација. Донациите ќе можете да ги реализирате во готовина, со платежна картичка или одложено со потпишување на заложба. Секој износ е важен и секоја донација е добредојдена. Со секој телефонски повик на 143 333 донирате 100 денари кои здружено ќе прават добри дела.

Донирање преку пијалоците

Од секоја ваша нарачка за време на настанот, нашите поддржувачи од Intermezzo ќе донираат дел од износот во донаторскиот фонд.

Секој донатор/ка ќе добие извештај за постигнувањата од дадената поддршка.

„Во Конект сме бескрајно благодарни за оваа можност на дело да покажеме дека модата не е само естетика туку има моќ да го обликува општеството. Конект 15 години ја поттикнува филантропијата и општествената одговорност. Модната аукција е дел од нашата кампања ‘Денови за донирање’ во рамки на УСАИД проектот ‘Партнерства за донирање’ која се стремиме да прерасне во национален празник на донирањето. Му благодариме на г. Никола Булески за идејата и поттикот да го реализираме овој настан“, вели Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Настанот е дел кампањата „Денови за донирање“ во рамки на УСАИД проектот „Партнерства за донирање“.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Стил

Aitana е модел создаден од вештачка интелигенција - заработува илјадници евра месечно

Read more

Ова ќе биде интересно: Откриена е темата на Мет Гала 2024

Read more

На модна аукција наддавајте се за креација на македонски дизајнери

Read more

Жените родени во овие хороскопски знаци се божици на стилот

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Читај повеќе

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Читај повеќе

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Читај повеќе

Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Читај повеќе

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Торта со макарони

Читај повеќе