На ПСЖ му се брза за Икарди, но Ванда уште се надева на Јуве или Реал

Мауро Икарди има одлични изгледи да остане во Франција – ПСЖ наводно се нестрпливи да ја заменат позајмицата на напаѓачот со договор во јануарскиот преоден рок.

Икарди дојде на позајмица од Интер на последниот ден од летниот трансфер рок, откако сериозно се влошија односите меѓу Аргентинецот и фановите на клубот од Серија А.

Тој е во одлична форма во ПСЖ: постигна седум гола на девет натпревари сезонава и добива речиси двојна плата отколку во Интер.

Со 26 години се чини дека е совршено долгорочно решение за „парижаните“, со оглед на тоа дека на Единсон Кавани му се ближи крајот во ПСЖ, а иднината на Нејмар и Килијан Мбапе во клубот е неизвесна.

ПСЖ има однапред договорена опција да го откупи напаѓачот за 70 милиони евра во јануари, но Ванда Нара, сопругата и менаџерка на Икарди, чека подобри понуди, тврди Tuttosport.

Нара се надева дека ќе добие атрактивни понуди од Јувентус или од Реал Мадрид, па не се брза да даде конечен одговор на понудата на ПСЖ.

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо смета дека Икарди ќе биде совршено дополнување на тимот гледано долгорочно, па голема е веројатноста дека ќе направат сѐ за да ја убедат неодлучната Ванда и да го задржат напаѓачот во своите редови.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе