Набавка на вакцини, најави и подготовки, ЕК ќе предложи механизми за споделување

Бројот на заразените од COVID-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини. Државава ги очекува најавените вакцини од Србија, а за овој процес се очекува солидарност и од земјите членки на Европската Унија.

Од ЕК вчера најавија дека ќе предложат механизми за споделување на вакцините со земјите надвор од ЕУ.

– Треба да ги поддржиме нашите соседи да ги вакцинираат работниците во првите редови, на Западен Балкан, Источното Партнерство, Африка, и за тоа Европската комисија предлага механизам за споделување на вакцините или директно или преку Ковакс, изјави вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа ги прекори и земјите членки на ЕУ затоа што не покажуваат солидарност за вакцините.

– Некои ќе прашаат како да споделиме кога и самите не сме сите вакцинирани, ним им одговарам дека не е само солидарност во прашање, туку и личниот интерес, порача Фон дер Лајен, истакнувајќи дека во прашање е и кредибилитетот на ЕУ на геополитички план.

Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан, вчера изјави дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската Комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава.

Тој појасни дека Република Чешка е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбедувањето вакцини за Северна Македонија и западноевропските држави. Како што посочи, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините.

– Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Македонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен, рече Томан.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека од политичарите министерот за здравство Венко Филипче е прв кој ќе се вакцинира. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од COVID-19 загубиле член од семејството.

– Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината,  рече Заев.

Тој на почетокот на неделава најави дека државава треба да добие 8.000 вакцини против COVID-19 како помош од Србија. Во тек се активности на надлежните институции за техничките детали и точното време на испорака на вакцините.

Според најавите од министерот Филипче набрзо ќе биде склучен договорот со Pfizer од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари, а по 17.500 во март и во април. За вакцините преку Ковакс механизмот е направена уплата и ќе се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Први кои ќе се вакцинираат се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје од 11 до 17 јануари регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од три отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 отсто, просечно 16 отсто, што претставува намалување од три отсто споредено со минатата недела.

Во текот на вчершаниот ден беа регистрирани нови 72 случаи на COVID-19. Починати се 13, а оздравени 1.023 пациенти. Во ковид-центрите во Скопје вчера беа хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463. Бројката на оздравени пациенти е 74.800, а на починати е 2.739. Има вкупно 11.924 активни случаи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе