КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Нацизам и расизам беснееше во Софија, Бугарија пред голема казна од УЕФА

Англија синоќа ја понижи Бугарија со 6:0 среде Софија, но англиските фудбалери заминаа дома длабоко навредени на расна основа, а добија и нацистички пораки од домашната публика.

Бугарија има како никогаш досега слаба репрезентцаија. По 8 кола немаат победа, само три нерешени од кои два со Црна Гора. Јасно беше дека од Англија ќе загубат, но она што го приредија на трибините ќе ја натера УЕФА уште долго да се занимава со нашиот источен сосед.

Нацистичкото минато на Бугарите излезе на виделина синоќа на „Васил Левски“ стадионот кога во повеќе наврати дел од навивачите беа фатени како го поздравуваат Фирерот. Бугарија во Втората светска војна беше сојузник со Германија и имаше окупирано територии од соседните земји каде што правеше невидени злосторства, вклучително и во Македонија.

Црномурестите фудбалери во репрезентацијата на Англија беа цел и на расистички скандирања, па во два наврата главниот судија го прекинуваше натпреварот. Ниту апелите на капитенот Ивајло Попов, кој отиде да разговара со проблематичната група навивачи, не вродија со плод.

Англија однесе голема победа, а Бугарија ја дека драконска казна од УЕФА. Покрај парична, јасно е дека Бугарите ќе добијат и забрана за играње пред публика, а ништо чудно да мора да играат и на неутрален терен.

За бугарскиот голман Пламен Илиев немало ништо лошо во однесувањето на навивачите: „Доколку зборувам искрено, верувам дека навивачите се однесуваа добро. Немаше никакви навреди, гостите ги преувеличуваат работите. Публиката беше на ниво, не слушнав ниту еден лош збор упатен кон нивните или нашите играчи“.

И бугарскиот селектор, легендарниот Красимир Бал'ков не смета дека се виновни домашните навивачи: „Лично јас не слушнав ништо. Видов дека судијата го прекина натпреварот, но морам да нагласам и дека лошото однесување не беше само од нашите навивачи туку и од англиските кои ја свиркаа бугарската химна, а во вториот дел дофрлаа погрдни зборови кон нашите навивачи“. Вистина е дека  англиските навивачи возвраќаа на нападите од бугарските нацисти.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе