Над 2.000 луѓе загинаа во земјотресот во Авганистан

Макфакс
/ 08.10.2023 / 13:27

Расте бројот на жртвите од силниот земјотрес што го погоди Авганистан и според новите официјални податоци објавени од талибанската влада денеска, загинале повеќе од две илјади луѓе, а над девет илјади се повредени.

По земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди регионот на околу 30 километри северозападно од градот Херат, потоа следеа уште осум силни потреси.

2.053 лица загинаа, а 9.240 се повредени, објави во неделата Министерството за катастрофи. Се додава дека уништени или оштетени се 1.329 куќи. Претходно во неделата, портпаролот на Црвениот крст, Ерфанула Шарафзои, изјави за Reuters дека загинале 500 луѓе.

Remote video URL

Повеќе од 200 мртви се донесени во неколку болници, изјави претставник на Министерството за здравство кој се претстави како д-р Даниш додаде: „Повеќето од нив се жени и деца, а 510 се повредени“. Во селото Сарболанд во областа Зинда Јан беа збришани десетици куќи, јавува новинар на AFP.

Провинцијата Херат, која според податоците на Светската банка има околу 1,9 милиони жители, во последните години е погодена од суша, која парализираше бројни земјоделски заедници кои и онака се во тешкотии. Земјотресите во Авганистан се чести, особено во планинскиот венец Хинду Куш, кој е во близина на спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.

Во јуни 2022 година, земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала беше најсмртоносниот во Авганистан во последните 25 години, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а десетици илјади останаа без покрив над главата.

Во март оваа година, во земјотрес од 6,5 степени загинаа 13 лица во Авганистан и Пакистан, во близина на локацијата Јурм на североистокот на земјата. Авганистан исто така е во тешка хуманитарна криза откако Талибанците се вратија на власт во 2021 година, чие владеење не е признаено од меѓународната заедница.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе