Надежите победија кај Фарските Острови

Филип Здравески
/ 08.09.2020 / 16:52

Македонската репрезентација за играчи до 21 година оствари очекувана победа на гостувањето кај аутсајдерот во групата, тимот на Фарски Острови.

По несреќниот пораз од Шпанија минатиот четврток, младите „Рисови“ отпатуваа на далечниот север со единствена мисија - да ги освојат трите бода.

Капитенот Милан Ристовски со гол во 16. минута најави дека Македонија е допатувана по победа, а потоа нашите фудбалери имаа уште неколку шанси, но не успеаја да го дуплираат водството пред паузата.

Откако во вториот дел селекторот Благоја Милевски направи четири замени, конечно пристигна вториот гол. Кристијан Ацковски е играчот кој зголеми на 0:2 и тоа точно на 10 минути до крајот.

Сепак, домаќините само 4 минути подоцна се вратија во игра благодарение на голот на Петур Кнудсен. Потоа фудбалерите на Фарските Острови притиснаа барајќи гол за израмнување, но младите Македонци го издржаа налетот и последниот свиреж до дочекаа победнички.

Македонија: Јанков; Антовски, Руфати, Серафимов, Тодороски; Даци (74' Тошевски), Гроздановски (57' Емини), Фазлагиќ (90'+1 Личина); Митровски (74' Ацковски), Ристовски (к), Чурлинов (57' Трапановски).

Сега на табелата Македонија моментално изби на 2. место со 10 бодови, но Израел и Казахстан денеска го играта својот натпревар па табелата може да претрпи промени.

Табела:

  1. Шпанија 16 10:1
  2. Македонија 10 12:8
  3. Израел 8 7:6
  4. Црна Гора 7 9:8
  5. Казахстан 7 7:10
  6. Фарски Острови 3 7:19
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе