Најдобрите удари на UFC 225 во забавена снимка
Викендов во Чикаго се одржа фантастичен UFC настан на кој имаше навистина добри потези вредни за паметење.
Традиционално, Fight Motion ги претставува најдобрите удари во најинтересните борби од настанот, во забавена снимка за да се долови секој дел од мигот.
Од видеото може да се уверите колку силно удираат Роберт Витакер и Јоел Ромеро, но и каква беше доминацијата на Американецот Колби Ковингтон над Рафаел дос Ањос.