Изминатава недела се одржа јубилејното 70-то издание на светски познатиот фестивал на италијанска музика, Санремо, кој годинава се покажа како можеби најдобар во досегашната историја.
Во салата „Аристон“, каде Санремо се одржува од 1977 година, во пет вечери по ред продефилираа еден куп познати уметници. Покрај натпреварувачкиот дел, имаше и дел посветен на историјата на фестивалот каде специјални гости како Тицијано Феро, Џана Нанини, Џиџи Д'Алесио, Лаура Паузини, Луис Капалди, Тони Ренис, Ѕукеро, Албано и Ромина пееја познати хитови. Гостуваа и актери, комедијанти, модели, спортисти како Роберто Бенињи, Кристијана Капотонди, Розарио Фјорело, Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Паоло Роси.
Фестивалот го водеше 57-годишниот шоумен од Равена, Амедео Себастијани попознат едноставно како Амадеус. Диригент на оркестарот беше Леонардо Де Амичис.
Настапот на Тицијано Феро:
Дуетот на Фјорело и Амадеус:
Настапот на Џана Нанини:
Дуетот на Тицијано Феро и Фјорело кој заврши со бакнеж:
Енрико Ниџоти и Симоне Кристики ја изведуваат „Ti regalerò una rosa“:
Групата „Pinguini Tattici Nucleari“ отпеа неколку познати нумери:
Гостувањето на Роналдо и неговата сопруга:
Легендите на 60-тите, групата „Ricchi e Poveri“ ја запали публиката:
Настапот на рок-иконата Ѕукеро:
Кога ѕвони Роберто Бенињи може да се прекине и прес-конференција:
Запеа и Новак Ѓоковиќ (од 3:30):