Наједноставен рецепт за гирици без неред во кујната

Гириците се евтини и лесно и брзо се подготвуваат. Овој рецепт ќе ви се допадне бидејќи ќе ви требаат само три состојки, нема валкани садови, а превкусни се.

Гирица е единствената риба што не мора да ја чистите и која можете да ја јадете во еден залак. Се работи за мала морска риба Sprattus sprattus од семејството Clupidae (харинги). Многу е деликатна риба и исклучително вкусна, но и покрај тоа, нејзината економска важност е многу мала. Одличен е извор на протеини со висока вредност. Месото од гирица е богато со омега-3 масни киселини, кои помагаат во спречување на многу болести на циркулаторниот систем.

Најчесто се подготвуваат така што се валкаат во брашно и се пржат на многу зејтин. Но, овој начин на подготовка ќе го усмрди домот, ќе имате и многу садови за миење, а поради зејтинот не е здрава опција за јадење.

Ви предлагаме да го пробате следниов рецепт за гирици. Не само што вкусот ќе ве воодушеви, туку нема да имате валкани садови, а јадењето брзо ќе биде готово.

Потребни состојки:

  • 500 гр гирици
  • зачин за риба
  • ½ лимон

Подготовка:

Доколку користите замрзнати гирици, одмрзнете ги и измијте ги, а потоа исушете ги со крпа и наредете ги на фолија. Посипете ги со зачин за риба, а одозгора наредете го исечканиот лимон. Затворете ја фолијата и печете во загреана рерна на 220°C околу 15 минути, или додека не видите дека се готови.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Read more

Посен рецепт на денот: Рибна чорба од ослич

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе