Најголемата грешка поради која сте дехидрирани

Со оглед на тоа дека шишињата за вода стануваат сè попопуларни, би помислиле дека сите би биле многу добро хидратирани.

Но, тоа не е така. Според истражувањето на Civic Science, 47% од луѓето на глобално ниво не пијат доволно вода.

Диететичарката Кети ЛаБела вели дека потребите за внес на течности зависат од неколку различни фактори, вклучувајќи ја возраста, тежината и нивото на активност.

„Колку е помлад човек, толку повеќе вода му треба. Генерално, целта кон која треба да се стремите е осум до девет чаши течност дневно. Ако сте активни и на отворено, можеби ќе ви требаат дополнителни две или повеќе чаши, и на спортистите им требаат два до три пати повеќе течност од просечниот човек“, објасни ЛаБела.

Иако водата е најдобра за хидратација на телото, и другите течности се важни. Хидратацијата е исклучително важна затоа што, во спротивно, телото не може да функционира правилно. Дехидратацијата негативно влијае и на функцијата на мозокот и на расположението.

„Жедта е првиот знак дека на телото му е потребна вода. Исто така, може да се забележи потемна боја на урината. Други симптоми се суви усни, вртоглавица или замор“, истакнува диететичарката Кетрин Жервасио.

Дехидрацијата има екстремни симптоми, како што се забрзан пулс, низок крвен притисок, сува кожа, слабост и екстремна жед.

Најголемата грешка што ја прават повеќето луѓе

И ЛаБела и Жервасио се согласуваат дека повеќето прават голема грешка што предизвикува дехидратација.

„Да чекате да почувствувате жед не е добра практика бидејќи тогаш телото веќе доживува блага дехидратација. Важно е да пиете течности во текот на денот“, истакнува ЛаБела.

Таа забележува дека телото не може да функционира оптимално дури и ако е само малку дехидрирано.

„Водата е важна за регулирање на телесната температура, транспорт на хранливи материи, отстранување на отпадните производи и многу повеќе. На секоја клетка во телото и е потребна вода за секојдневно функционирање.

Постојаната дехидрација или недоволната потрошувачка на вода и течности може да доведе до камења во бубрезите, запек, сува кожа и нерамнотежа на течности и електролити.

Ако имате проблем да внесете доволно течности, Гервасио вели дека можете да направите распоред или потсетник да пиете неколку голтки вода во одредено време.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Здравје

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
 

Магазин

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе