Најголемиот фудбалски стадион во светот ќе изгледа спектакуларно
Групацијата Evergrande почна со изградба на најголемиот фудбалски стадион во светот. Стадионот во кинескиот Гуангџоу ќе прима 100.000 гледачи.
Сегашниот рекордер по капацитет е „Камп Ноу“ со 99.354 седишта. Најголем спортски стадион ќе остане оној во Северна Кореја, кој собира 114.000 гледачи.
Стадионот во Гуангџоу ќе биде во форма на лотос. Неговата изградба ќе чини 1,7 милијарди долари. Би требало да биде завршен до 2023 година. Дизајнот е на Хасан Сијед.