Најголемиот кинески производител на е-автомобили доаѓа во Европа, ќе гради фабрика во Унгарија

„Една од најголемите инвестиции во историјата на Унгарија“ би требало за три години да стане првата кинеска фабрика во Европската Унија која ќе произведува 100.000 електрични автомобили годишно.

Откако ја престигна Tesla по бројот на продадени електрични автомобили во последниот квартал од 2023 година, кинеската компанија BYD деновиве се впушта во нови деловни потфати.

И покрај фактот што ги продава своите возила на европскиот пазар од 2020 година, BYD го направи првиот значаен чекор за проширување на европскиот пазар на претпоследниот ден од јануари, потпишувајќи прелиминарен договор со властите на Општина Сегед за купување земјиште за изградба на фабрика за патнички автомобили.

Колкава важност и кинеската и унгарската страна ѝ придаваат на оваа работа говори фактот што, заедно со претставниците на кинеската компанија и локалните власти, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто и првиот човек, основачот и претседател на BYD, Ван Чуанфу, присуствуваа на церемонијата на потпишувањето на договорот.

А она што Сијарто го нарече „една од најголемите и најзначајните инвестиции во историјата на Унгарија“, во следните три години треба да стане првата кинеска фабрика за електрични автомобили во Европската унија со капацитет да произведува 100.000 возила годишно, што ќе бидат пласирани на европскиот пазар.

Од BYD велат дека нивната цел е производство на електрични автомобили локализирани за европскиот пазар, како и трансфер на напредни технологии преку високо автоматизиран производствен процес, пренесува CarNewsChina. Освен економската важност, според Чуанфу, оваа работа е дел од пошироките напори за побрза трансформација на унгарската автомобилска индустрија во зелени технологии и побрза транзиција кон возила со ниски штетни емисии.

Кога ќе биде изградена, фабриката во Сегед ќе биде втора фабрика на BYD во Унгарија, бидејќи кинеската компанија произведува електрични автобуси повеќе од пет години на северот на таа земја, во градот Комаром, на границата со Словачка.

BYD Auto произведува автомобили, автобуси и камиони од 2003 година, а од 2020 година забележа огромен и забрзан раст на производството и продажбата, што главно се должи на брзиот раст на популарноста и интересот за електрични возила на кинескиот пазар.

Минатата година компанијата целосно престана да произведува возила напојувани од фосилни горива, односно со мотори со внатрешно согорување.

Возилата со логото на BYD моментално се произведуваат во 14 фабрики. Во девет, лоцирани во Кина, комплетното производство се одвива од сите делови до конечното склопување.

Останатите пет фабрики за електрични возила се лоцирани во Узбекистан, Тајланд, Бразил, Унгарија и Индонезија и се дел од глобалната стратегија за проширување на кинеската компанија проследена со локализација на сите нејзини клучни пазари.

реклама

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе