Најлудите приказни на навивачите: Како се стигнува до карта за Светско?

Навивачите на сите можни начини се обидуваа да стигнат до север на Европа за да ги бодрат своите репрезентации. Вадеа кредити, даваа откази и изнајмуваа кампери, само за да бидат дел од големото Светско првенство.

Не некои навивачи за разлика од други, им беше потребно навистина голем пат за да стигнат до стадионите на кои играат сега нивните репрезентации.

Посебна приказна се Перуанците, кои за настап на својата репрезентација на СП чекаат уште од далечната 1982 година.

За возвратниот натпревар во рамките на интерконтиненталните квалификации во Лима тие поднесоа 670.000 барања за влезници, иако стадионот можеше да прими само околу 50.000. Но, кога го поминаа Нов Зеланд и обезбедија пласман на СП, немаше препреки кои Перуанците не беа подготвени да ги совладаат само за во живо да ја бодрат својата селекција.

Иако сојузот доби само 43.000 влезници, во Русија допатуваа 80.000 Перуанци кои пред натпреварот со Данска направија фантастична атмосфера. Многу од нив патуваа и по 64 часа, бидејќи тоа беа најевтините летови, а во Перу е забележана и најголема стапка на откази од работни места, бидејќи луѓето и на тој начин се обидуваа да соберат пари за пат.

Имено, пракса во Перу е од државата да се добие отштета ако се напушта работното место, во кое одредено лице работело долга низа на години.

Сепак, најголем хит дефинитивно е 24-годишниот навивач Мигел Ф. (24) од Перу, кој се здебели 24 килограми само за да дојде до влезница за натпреварите.

„Не успеав да купам влезница, а си ветив дека ќе одам во Русија. Фудбалот е мојот живот, а репрезентацијата ми е се. Морав некако да стигнам до првенството“, вели Мигел за тамошните медиуми.

Единствени карти кои во тој момент биле преостанати, биле оние за лица со посебни потреби.

„Ги читав барањата. Мораш да бидеш во количка, тоа не доаѓаше во предвид. Втор услов беше некој женски проблем, кој очигледно го немам, а третиот дебелината. За да можете да аплицирате за таква влезница морате да имате индекс на телесна тежина поголем од 34. Јас бев на 30, па пресметав и сфатив дека морам да се здебелам 24 килограми. Едноставно не постоеше друг начин“, објасни Мигел, чиј план на крај успеа и тој доби карта.

„Додека се дебелеев, секој ден пливав по два километри за килограмите да не ме убијат, а и мојата мајка беше многу загрижена. За среќа, се заврши добро“, вели Перуанецот.

По неговиот пример тргна и еден негов пријател кој исто така остана без влезница во првиот круг. Сепак, во вториот успеа да дојде до карта, но веќе имаше резервен план.

„Најсериозно, тој беше решен да си ја скрши ногата само за да добие карта како и јас, но сепак на крај немаше потреба“, вели Мигел.

Неговиот сонародник Ангел Каранеа од Лима, исто така никако не сакаше да пропушти да навива за Перу на Мундијалот.

„Што да направам? Морав да го продадам мојот Ford Mustang GT за да дојдам во Русија. Никогаш немаше да си простам ако не дојдев на СП, бидејќи само Господ знае кога повторно ќе се пласираме. Со мене е пријател со голема срцева мана. Пред секој натпревар пие лекови, бидејќи постои опасност неговото срце да престане да работи поради емоции. Но нему му е гајле за тоа“, вели Каранеа.

Помалку луди не се ниту Мексиканците. Пред четири години, по СП во Бразил, шест пријатели од Мексико се договорија на Светското првенството во Русија да патуваат заедно, со автобус.

Четири години штедеа пари, а во меѓувреме купија половен, стар школски автобус и го обоија во мексикански бои. Планот беше за месец и половина да стигнат до Русија, а потоа едниот од нив, Хавиер, само неколку дена пред патот им соопштил дека не може да оди бидејќи не го пушта сопругата.

Но, иако Хавиер ги издаде своите пријатели, тие сепак го „зедоа“ со себе на овој пат. Во автобусот ставија картонска верзија од Хавиер во природни величини и тоа со натпис „Мојата сопруга не ме пушти“, но не очекуваа дека картонскиот Хавиер ќе стане вистински хит. Нивната приказна е на сите мексикански и странски портали.

Момците со споменатиот автобус после 18 дена возење пристигнаа во Русија, а со картонскиот Хавиер се движеа по улиците, додека други навивачи се фотографираа со него.

„Сите се воодушевени кога ќе го видат нашиот автобус, а Хавиер им е омилен лик“, вели Фернандо и додава дека не сакале „предавникот“ Хавиер да им ја уништи животната авантура.

На Мундијалската авантура ја имаме и приказната за таткото и синот Бето и Роберто Грандос. Имено, Бето на 15 јуни 1986 година имаше влезница за осминафиналето од СП помеѓу Мексико и Бугарија во Мексико Сити. Со денови до натпреварот тој не можел да спие од возбуда, но легендарниот стадион Астека тој сепак не го виде.

На денот на натпреварот сопругата му рекла дека има болки, бидејќи таа била бремена, па Бето го поминал целиот ден со неа во болница.

„Ми рече дека веројатно не и е ништо, бидејќи знаеше колку сакав да одам на натпреварот. Се трудеше да роди што побргу за да стигнам на натпреварот, но тоа не се случи. Сфатив дека има поважни работи од фудбалот во животот, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно“, изјави Бето.

За негова среќа, Мексико го доби тој натпревар, а тој доби здрав и среќен син по име Роберто. Бето од тогаш повеќе не доби прилика да оди на Светско првенство, нешто за што од секогаш жалеше.

Синот Роберто го водеше на сите натпревари, а и двајцата се големи навивачи на клубот Чивас. Роберто по стапките на неговиот татко од мали нозе постојано гледа фудбал и сега сакаше да му се „одолжи“ на својот татко, бидејќи тој поради него го пропуштил споменатиот натпревар од 1986 година.

Бето ја испратил приказната на неговиот татко на натпреварувањето на FIFA, „Bring someone special“, а победникот добива платен пат за две лица на Светското првенство во Русија.

Од 13.000 приказни од 150 земји, FIFA го одбра токму Роберто и му овозможи да го води својот татко на Мундијалот во Русија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе