Најмоќниот вселенски телескоп ќе истражува две чудни супер-Земји

Вселенскиот телескоп James Webb ќе истражува чудни, карпести светови надвор од нашиот Сончев Систем. Научниците имаат намера да ја проучат геологијата на планети слични на Земјата на оддалеченост од 50 светлосни години.

Карпестите планети потешко се забележуваат од гасните џинови бидејќи се помали и затоа што нивната светлина е послаба. Но, James Webb има огледало кое се состои од 18 хексагонални сегменти берилиум обложени со злато и има многу поголема површина за собирање светлина.

Станува збор за револуционерен инфрацрвен телескоп од 9 милијарди долари, кој НАСА го претстави како водечка опсерваторија за вселенска наука за следната деценија. Телескопот е стопати почувствителен од вселенскиот телескоп Hubble и се очекува длабоко да го промени разбирањето на универзумот.

Планета 55 Cancri e

Засега немаме докази дека на некоја од овие супеr-Земји постои живот или дека такво нешто е воопшто возможно. Станува збор за блескавата планета „55 Cancri e“ покриена со лава и „LHS 3844 b“, каде што нема многу атмосфера. Супер-Земјата е екстрасоларна планета која е помасивна од Земјата, но помала од гасните џинови, пишува Scientific American.

55 Cancri e орбитира околу својата матична ѕвезда на кратко растојание од 2,4 милиони километри. За споредба, Меркур, планетата најблиску до Сонцето, во просек е оддалечена 58 милиони километри. Тоа е пеколно жешка планета која орбитира околу својата ѕвезда на секои 18 часа. Нејзината површинска температура е над точката на топење на повеќето видови карпи.

Научниците, исто така, претпоставуваат дека 55 Cancri e е плимно заклучена, односно дека едната нејзина страна е секогаш свртена кон блескавата ѕвезда, а податоците од вселенскиот телескоп Spitzer покажуваат дека нејзината најтопла зона е малку поместена, односно не во централниот простор свртен кон ѕвездата.

Научниците веруваат дека тоа би можело да биде поради густата атмосфера која ја пренесува топлината на другите делови на планетата или затоа што навечер врне лава која ја отстранува топлината од атмосферата. Ноќната лава, исто така, укажува на циклус од денот и ноќта што може да се должи на резонанца од 3:2 или три ротации на секои две орбити, ситуација слична на Меркур.

Овие хипотези се планира да бидат тестирани од два тима научници. НАСА ќе ја анализира топлинската емисија на планетите во потрага по знаци на атмосферата, додека друг тим, предводен од астрономот Алексис Брандекер од Универзитетот во Стокхолм, ќе ја мери топлината на емисиите од осветлената страна на 55 Cancri e.

Планетата LHS 3844 b

Планетата LHS 3844 b е исто така доста блиску до својата ѕвезда, орбитирајќи околу неа на секои 11 часа. Но, нејзината ѕвезда е помала и постудена од онаа на 55 Cancri e. Така, површината на LHS 3844 b е веројатно многу поладна. Податоците од Spitzer покажуваат дека на неа нема значајна атмосфера.

Астрономот Лаура Крајдберг од Институтот Макс Планк и нејзините колеги се надеваат дека ќе користат спектроскопија за да фатат сигнал од површината на планетата. Тие ќе ги споредат спектрите на топлинските емисии од дневната страна со познатите карпи како базалтот и гранитот за да се обидат да утврдат од што се состои површината на LHS 3844 b.

„Овие две студии ќе ни дадат фантастични сознанија за планетите слични на Земјата и може да ни помогнат да откриеме како изгледала древната Земја кога била топла како овие планети“, рече Крајдберг.

James Webb сега е во фаза на пуштање во работа на системот за следење на објекти. Опсерваторијата треба да почне да работи во текот на јуни, а потоа да го започне својот прв циклус на набљудување во вселената.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе