Најнездравиот начин на подготовка на јајца

Јајцата се одличен извор на хранливи материи и може да ги јадете на различни начини, но не се сите подеднакво здрави.

„Белките се одличен извор на протеини, а жолчките се преполни со витамини и минерали вклучително и витамин А, Б12, селен и други, вели нутриционистот Линдзи Венглер за Eat This, Not That.

Таа додава дека сега е познато дека јајцата не влијаат на нивото на холестерол. Без разлика на тоа колку се здрави, јајцата може да се подготват на многу нездрави начини. Најлош од сите, според нутриционистите, е кога ги пржите на многу масло на висока температура.

Зошто е тоа најнездравиот начин?

Маслото во кое ги пржите јајцата е преполно со калории и заситени маснотии. Посебно е лошо да ги пржите на путер бидејќи тој ќе додаде голема количина на заситени масти кои се поврзуваат со срцеви заболувања.

Покрај тоа, високата температура на која се пржат јајцата предизвикува оксидирање на маслото што може да предизвика различни воспаленија во телото.

Како да ги подготвите на здрав начин?

Ако сепак сакате да јадете пржени јајца, постои поздрава варијанта. За почеток, наместо масло користете спреј за готвење со кој тавата ќе се намрси пред пржење.

Освен тоа, може да користите и поздрави масла како маслиново, а секогаш може и да ги сварите јајцата со што нема да ви треба дополнително масло.

За јајцата да бидат уште поздрави со нив може да послужите зеленчук или да направите омлет со зеленчук.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе