Најопасниот пат до училиште во светот
Учениците од кинеското село Атулер се соочуваат со опасно патување од домот до училиштето, бидејќи нивното село е отсечено од остатокот од светот.
Сместено на рид од 800 метри, децата пешачат два часа симнувајќи се низ опасни скали од винова лоза. Децата остануваат две недели во училиштето, па се враќаат дома. Во ова село живеат 72 семејства кои се занимаваат со земјоделие. Изградбата на пат би им го олеснила животот, но изгледа тоа тешко ќе се случи.