Најпопуларните поп песни за 2017 година
Секоја година DJ Earworm прави мешап од најпопуларните песни на годината, и го нарекува „United States of Pop“. Денеска излезе верзијата за 2017 година, која, сосем очекувано, е предводена од „Despacito“.
Обично ваквиот мешап дава добра слика за тоа каква била годината во однос на музика. Според музичките критичари, 2017 беше „повесела и тропска од изминатите три години“, па затоа не се чудете ако ритамот на овој микс ви го размрда телото.