Сладоледот „Serendipity's Golden Opulence Sundae“ е најскапиот сладолед во светот и чини 1.000 долари, или нешто повеќе од 800 евра.
Ако се прашувате зошто е толку скап, три топки тахитски сладолед од ванила доаѓаат покриени со 23-каратни златни лисја, бадеми, кавијар и златни орхидеи, кои се прават дури осум часа! Исто така, одозгора се става зашеќерено овошје, но не било какво, туку овошје со највисок квалитет од Париз!
За уште малку да му се зголеми цената, овој „златен сладолед“ се сервира во кристални чаши кои чинат околу 350 долари, а обложени се со, што друго ако не, златни листови направени од 23-каратно злато.
Логично, ваков сладолед не се јаде со било каква лажица, туку со, претпоставувате, златна, и тоа 18-каратна.
Најскапиот сладолед на светот содржи и скапо чоколадо од Тоскана, а зрната ванила се увезуваат од Мадагаскар. Од другите состојки, тука се карамелизираниот пекан, тартуфи од бело чоколадо, дијаманти кои се јадат...