Џереми Микс, човекот чија полициска фотографија од апсење го направи ѕвезда на социјалните мрежи и му го заработи описот „најзгодниот криминалец во светот“, официјално ја започна својата манекенска кариера.
Тој ја објави првата професионална манекенска фотографија од себеси, на неговиот Instagram профил, што предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи.
Како потсетување, Микс прекуноќ стана ѕвезда, откако на интернет се појави неговата фотографија од апсење и предизвика фотомонтажи од истата кои го сместија Џереми во модни кампањи и покажаа дека би бил одличен фотомодел.
Џереми ја започнува својата кариера, откако излезе од затвор пред неколку месеци, каде ја отслужуваше својата 27-месечна казна поради нелегално поседување на огнено оружје.