Намален процентот на хоспитализирани болни од COVID-19

Скопје, 25 јули 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Facebook посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од COVID-19во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.

„Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со COVID-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2 проценти, односно од 11,5 отсто на 15 јули на 9,7 отсто на 23 јули“, наведува Филипче.

Тој посочува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани лица од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти.

„Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен“, порача министерот Филипче во објавата.

Досега се направени вкупно 92.550 тестирања на COVID-19

Нови 129 случаи со COVID-19 од 1.535 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починаа шест пациенти, пет од Скопје и еден од Струга. Регистрирани се 109 оздравени пациенти.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 45, Штип – 25, Гостивар  и Тетово по девет случаи, Куманово – 7, Битола и Кичево по шест случаи, Струга – пет, Прилеп – четири, Охрид, Кочани и Свети Николе по три случаи, Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево по еден случај.

Од 109 оздравени пациенти, најмногу се во Скопје – 60, Куманово – 7, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 12, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на COVID-19.

Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројот на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Надлежните посочуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза е задолжително носење маски и одржување физичка дистанца.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе