НАСА им пркоси на санкциите: Вселенската соработка со Русија продолжена до 2025

Иако односите се заладија во последниве години, САД и Русија продолжуваат да соработуваат во вселената.

Американската вселенска агенција НАСА и рускиот Роскосмос ќе продолжат со заедничките напори за испраќање на екипажи во Меѓународната вселенска станица (МВС). Официјалната потврда дојде од руската агенција, а беше наведено дека партнерството ќе продолжи до крајот на 2025 година.

Оваа соработка вклучува составување екипаж астронаути од различни земји и нивно испраќање во вселената со исто летало. Роскосмос сака секогаш да има барем еден претставник во рускиот дел на МВС и барем еден претставник на НАСА во американскиот дел. Агенцијата додава дека одлуката е донесена со цел „да се одржи доверливоста на МВС во целина“.

Меѓународната вселенска станица е лансирана во 1998 година и е симбол на американско-руската соработка по Студената војна и крајот на „вселенската трка“.

Оваа вест доаѓа откако НАСА во април годинава објави дека Русија ќе остане на МВС до 2028 година. Генералниот директор на Роскосмос, Јуриј Борисов, претходно изјави дека Русија ќе се повлече од МВС по 2024 година и ќе се фокусира на создавање сопствена вселенска станица.

НАСА на различни начини се подготвува за заминувањето на Русија, од повлекување на астронаутите од МВС до изнаоѓање начини за контрола на МВС откако Русија ќе ги отстрани погоните.

Целта на НАСА е да ја задржи МВС во функција најмалку до 2030 година.

реклама

Вести

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Read more

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Read more

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Read more

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Read more

Гик

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Читај повеќе

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Читај повеќе

Како Tinder се обидува да ги убеди корисниците да „дејтаат“?

Читај повеќе

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Читај повеќе