НАСА објави видео со нова теорија како настанала Месечината

Суперкомпјутерската симулација сугерира дека се Месечината се формирала доста брзо откако поголемо тело удрило во Земјата.

Месечината можеби се формирала во часови, наместо со месеци или години, како што вообичаено се верува, според напредниот астрофизички модел смислен од научниците на НАСА во соработка со научници од англискиот Универзитет во Дурам, а со помош на суперкомпјутери. Струдијата беше објавена минатата недела во списанието Astrophysical Journal Letters, пренесува RT.

Користејќи повисока резолуција отколку што беше достапна во времето кога беше осмислена општоприфатената теорија за потеклото на Месечината, во која тело со големина на Марс наречено Теја удира во примитивната Земја пред околу 4,5 милијарди години, а отпадот што се добива се спојува во Месечина во период од месеци или години, моделот покажува дека сателитот се формирал од материјал кој потекнува и од Земјата и од Теја и тоа многу побрзо отколку што се мисли.

Симулацијата покажува дека Теја, планета со големина на Марс, се судрила со мини-Земјата. Надворешната кора на двете планети поради силината на ударот летнува во орбитата, брзо спојувајќи се во два нестабилни сателити, од кои помалиот се стабилизира во Месечината, додека поголемиот повторно се апсорбира во Земјата.

Новата теорија помага да се објасни зошто Месечината дели сличен минерален состав со Земјата, особено кон нејзината кора - атрибут што е тешко да се објасни ако се претпоставува дека е речиси целосно составена од остатоци од Теја, како што смета преовладувачката теорија.

Remote video URL

Другите постоечки теории кои се обидуваат да ја објаснат сличноста во хемискиот состав помеѓу Земјата и нејзиниот сателит, како што е теоријата на синестија која сугерира дека Месечината е формирана во вител на испарувана карпа од судирот на Теја со Земјата, не ја објаснуваат нејзината орбита на задоволително ниво.

НАСА се надева дека ќе користи слично напредно моделирање со висока резолуција во врска со новите примероци донесени од нејзините планирани мисии Artemis за тестирање на оваа и другите теории за еволуцијата на Месечината. Астронаутите на Artemis, долго најавуваното враќање на американската вселенска агенција во вселенските мисии со екипаж, ќе имаат задача да земат примероци од подлабоко под површината на Месечината, како и од ретко истражените делови на сателитот, иако лансирањето и понатаму е загрозено од доцнења и технички неисправности.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе