Научни претпоставки: Во Сончевиот Систем имало уште една голема планета

Научниот институт „Карнеги“ во Вашингтон, САД, разгледува теории според кои, некогаш во минатото, во Сончевиот Систем имало уште една планета, којашто, едноставно, „испаднала“ од него.

Карпестите и гасовитите планети настанале од прашината и гасовите околу Сонцето, додека тоа било млада ѕвезда. Се смета дека еден период, орбитите на гасовитите планети биле многу поблиски до него, но се оддалечиле поради меѓусебни гравцитациски влијанија.

Така, според проф. Мет Клемонт, ледените големи планети како Уран и Нептун, биле под влијание на планета која денес не е на своето место. За неа, се претпоставува дека се наоѓала меѓу Сатурн и Уран.

– Знаеме дека во нашата галаксија има илјадници планетарни системи. Но, се покажа дека подредувањето на планетите во нашиот Сончев Систем е доста необично, па затоа сега ние правиме реконструкции и модели на тие процеси на создавањето. Тоа е нешто како да се обидете да разберете што се случило при некоја сообраќајка, со која брзина се движеле возилата, во која насока, итн., објаснува проф. Клемонт.

Новите сознанија говорат и дека, веројатно, орбиталниот период на Јупитер (обиколката околу Сонцето) на почетокот не траел трипати покусо од онаа на Сатурн, како што се мислеше претходно, туку двапати пократко.

Се претпоставува и дека во оддалечувањето на планетите, свое гравитациско влијание имал и Кајперовиот Појас и други фактори во вселената.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе