Научниците имаат нова теорија за пропаста на древните европски цивилизации

Многу студии тврдат дека за падот на европските цивилизации виновни се климатските промени, меѓутоа, научниците се имата други одговори.

По усвојувањето на седентарен начин на живот и почетокот на култивираното одгледување на растенија и животни, имало повеќе храна од кога било претходно. Иако луѓето морале вредно да ја обработуваат својата земја и да се грижат за својот добиток, стравот од гладување бил сè помал. Ова им овозможило освен на преживувањето да се посветат и на воспоставување специфични заедници и да го зголемат наталитетот.

На територијата на Европа пред околу 10.000 до 5.000 години се појавиле и исчезнале бројни култури. Нивната популација зависела од многу фактори, но научниците од Центарот за археологија во Лајбниц сега решиле да испитаат што конкретно влијаело на нивниот крај.

Насилство и нееднаквост во општеството

Тимот користел податоци за европската динамика на населението од средината на холоценот, обезбедени од Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“. Споменатиот период започнува околу 7.000 година п.н.е., кога луѓето во Европа веќе формирале цврсти и долготрајни заедници.

Податоците јасно покажуваат дека овие први седентарни популациони групи на почетокот доживеале голем пораст на населението, по што по неколку стотици години следело нивно намалување - односно крах. Моделот главно се повторувал: групите се опоравувале од крах, додека не следел следен.

Истражувачите потоа го споредиле овој циклус со информации за насилни конфликти откриени за време на археолошките ископувања, кои исто така вклучувале информации за раздвојување на групи и миграции. Се покажа дека „дезинтегративните фази“ се случувале во исто време или кратко по насилните настани. Покрај тоа, тие често биле придружени со социјална нееднаквост, што ги навело научниците да заклучат дека овие фактори на крајот довеле до намалување на населението.

„Нашата студија покажува дека периодичниот социјален пад и зголемувањето на насилните конфликти го објаснуваат колапсот на древните европски општества“, вели Петер Турхин, коавтор на студијата и водач на проектот во Complexity Science Hub во Виена.

Досега популарната беше тезата дека климатските промени го фаворизираат колапсот на културите, но кога тимот ја тестирал оваа претпоставка - споредувајќи ги податоците за динамиката на населението со климатските промени - дошле до резултат дека колапсите не се совпаѓаат со климатските промени.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе