Научниците во Кина открија фосил на „змеј“ стар 240 милиони години

Новооткриените фосили им овозможија на научниците за прв пат целосно да откријат „змеј“ стар 240 милиони години, се вели во соопштението на Националниот музеј на Шкотска (НМС).

Рептилот долг 5 метри од периодот на тријас во Кина прв пат бил идентификуван во 2003 година, но по проучувањето на пет неодамнешни примероци во текот на десет години, научниците успеале да го прикажат целото суштество, кое го добило името Dinocephalosaurus orientalis.

Еден целосно артикулиран фосил, последниот што излезе на виделина, понуди „убав комплетен примерок од врвот на носот до врвот на опашката“, рече д-р Ник Фрејзер, шеф на Националната наука во НМС и еден од истражувачите, во изјава за CNN.

„Преклопен е во облик на фигура на осумка и силно наликува на кинески змеј“, рече тој.

Тој фосил помогна да се расветли ова мистериозно суштество, а меѓународен тим на истражувачи од Шкотска, Германија, САД и Кина ги објавија своите наоди во списанието Earth and Environmental Science Transactions на Кралското друштво од Единбург.

Професорот Ли Чун од Институтот за палеонтологија и палеоантропологија на 'рбетници во Пекинг прв пат ги открил фосилите во 2003 година. Тој бил во посета на едно мало село во јужната кинеска провинција Гуижоу, кога забележал мал пршлен во плоча од варовник, според неговиот колега д-р Фрејзер.

Локалните фармери потоа го однеле Чун во свињарник каде што имало други парчиња од тој тип карпи, а тој почнал да наоѓа фрагменти од коски и да ги спојува за да го открие овој нов вид, додаде д-р Фрејзер.

Сега, поновите фосили покажуваат дека суштеството имало 32 пршлена, создавајќи екстремно долг врат што веројатно му помагал да фаќа риби, иако научниците сè уште не се сигурни за неговата точна функција.

„Сè уште сум збунет во врска со функцијата на долгиот врат. Единственото нешто што можам да дојдам до тоа е дека се хранеле во води со камења, а можеби и пукнатини. И го користеле својот долг врат за да истражуваат и да влезат во некои од овие пукнатини и можеби на тој начин го фаќале својот плен“, рече д-р Фрејзер.

Риби сè уште се зачувана во стомачната област на фосилот, што покажува дека биле добро прилагодени на морската средина, а неговите перкасти екстремитети ја поддржуваат таа хипотеза, велат истражувачите во нивниот труд.

Додваат дека долгиот врат на диноцефалосаурусот личи на друг древен и подеднакво збунувачки морски рептил, Tanystropheus hydroides.

„Како палеонтолози, користиме модерни аналогии за да го разбереме животот во минатото. За диноцефалосаурусот и танистрофеусот не постои модерна аналогија“, рече д-р Фрејзер, додавајќи дека истражувачите можат да споредат суштества како ихтиосаурусите со нивните современи двојници како туната и делфините.

„Значи, ние сè уште прилично се бориме, како и со многуте животни во тријасот, бидејќи тоа е навистина чуден и прекрасен свет на секакви бизарни животни кои прават работи што денешните животни не ги прават“, рече д-р Фрејзер.

реклама

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Вести

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Read more

Колку заработуваат вработените во Google?

Read more

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Read more

Повторно падна Cloudflare

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе