Науката се обидува да одговори: Колку е штетен престојот во вселената за човечкото тело?

Научниците тврдат дека да се биде во вселената е огромен предизвик за човечкото тело.

Најновата студија ги истражуваше ефектите на микрогравитацијата врз коските на астронаутите и утврди дали делумно или целосно закрепнување се случува по една година на Земјата. Во истражувањето учествувале 14 машки и 3 женски астронаути, чија просечна возраст била 47 години, од кои во вселената во просек поминувале 5 и пол месеци.

Дали е можно закрепнување?

Водечкиот автор на студијата и професор на Универзитетот во Калгари, Ли Гејбл, објаснува дека претходните студии веќе сугерирале дека постои губење на коскената маса како резултат на престојот во вселената. Меѓутоа, сега главната цел била да се утврди дали и во колкава мера коските на астронаутите се опоравиле една година по враќањето од мисијата.

„Астронаутите доживеаја значително губење на коскената маса за време на шестмесечните вселенски летови, загуба што би очекувале да ја видиме кај постарите возрасни лица во текот на две децении на Земјата, додека повторно ќе повратат само околу половина од изгубеното една година по враќањето“, рече Гејбл.

Резултатите сугерираат дека по враќањето на Земјата астронаутите имале просечно 2,1% помала минерална густина во тибијата и дека 9 од нив неповратно изгубиле дел од коскената маса.

„За време на летот во вселената коскените структури стануваат потенки и на крајот некои од нив се одвојуваат една од друга. Кога астронаутот ќе се врати на Земјата, преостанатите коскени врски може да се згуснат и зајакнат, но оние што се одвоиле во вселената не можат повторно да се закачат и обноват, така што структурата на коските на астронаутот останува трајно изменета“, објаснува Гејбл.

Микрогравитацијата остава сериозни последици врз нашите тела

Патувањето во вселената е огромен предизвик за човечкото тело, а најновите студии сугерираат дека вселенските агенции ќе мора посериозно да се справат со овој проблем. Со оглед на најавата на НАСА дека ќе ги испрати луѓето назад на Месечината во 2025 година - вовед во идните мисии на Марс - клучно е што е можно поскоро да се открие како микрогравитацијата влијае на нашите тела и дали е можно да се спречат негативните последици.

Познато е дека кардиоваскуларниот систем трпи огромен притисок, бидејќи без гравитацијата која ја „влече крвта“ кон нашите стапала таа се акумулира во горниот дел од телото – што може значително да влијае на срцето, но и на видот.

„Радијацијата е исто така голем здравствен проблем за астронаутите, бидејќи колку подалеку од Земјата, толку е поголема изложеноста, што го зголемува ризикот од рак“, предупредува Гејбл.

Исто така, откриено е дека должината на престојот е исклучително важна, бидејќи колку повеќе време човечкото тело поминува во вселената, толку е помала веројатноста дека неговите коски ќе закрепнат по враќањето. Според научниците, еден од ефективните начини да се спречи тоа се вежбите за време на летот. Сепак, заклучокот е дека сè уште не знаеме многу кога станува збор за влијанието на микрогравитацијата врз здравјето на луѓето, што е сериозна задача што научниците во иднина ќе треба подетално да ја истражат.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе