ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Навивачите на Аталанта го запалија аеродромот во Бергамо

По историскиот успех на Аталанта следуваше дочек на аеродромот каде стотиците навивачи славеа доцна во ноќта претворајќи го аеродромот во навивачка трибина.

Аталанта вчера го постигна најголемиот успех во клупската историја откако се пласираше во осминафиналето од најсилното клупско натпреварување на светот, Лигата на шампиони на УЕФА. Со голема победа од 3:0 на гости кај украински Шахтар, фудбалерите заслужија пречек каков што и добија.

Чартер летот Харков - Бергамо слета на аеодромот Караваџо крај Бергамо во 2 часот по полноќ, а доцниот ноќен час не беше пречка скоро две илјади навивачи да го пречекаат враќањето на нивните херои.

Клупскиот автобусот тргна околу 2 и 30 по полноќ, но немаше шанси туку така да го напушти Караваџо. Веднаш до возачот низ шофершајбната се гледаше заменик-капитенот Ремо Фројлер како ја води забавата во автобусот.

Забавата сепак не остана на Караваџо туку се пресели во населбата Ѕингонија каде е спортскиот ценат Бортолоти, домот на Аталанта. Таму нов куп навивачи, часот бееше 3 и 20 минути по полноќ, а снегот само ја збогати атмосферата.

Ова е најголем успех на Аталанта од причина што претходно клубот има само едно полуфинале, но во стариот Куп на победници на купови кога во сезоната 1987/88 белгиски Мехелен ги спречи да стигнат до финалето. Ниту во Италија популарната „Деа“ не може да се пофали со некој успех. Има само еден трофеј и тоа во Копа Италија освоен во далечната 1962/63.

Минативе неколку сезони Аталанта е при врвот во Серија А и редовно изборува настап во европските натпреварувања.

Во Лигата на шампиони сезонава дебитираше. Претходно има 24 натпревари во Куп на УЕФА и Лига Европа, како и 11 во Купот на победници на куповите.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе