НБА: Дурент уште еднаш поуспешен од Вестбрук

Дури 13 натпревари беа дел од вчерашната НБА програма и тие донесеа голема возбуда, посебно во дуелите на тимовите од Западната конференција. Кевин Дурент отиде на гостување кај неговиот поранешен тим Оклахома Сити Тандер и се врати дома со победа.

Голден Стејт Вориорс излезе како победник од гостувањето кај Оклахома Сити Тандер со резултат 111:107.

Мотив повеќе имаше Кевин Дурент во овој дуел против неговиот поранешен тим и иако не ја заврши вечерта како најдобар стрелец од двата тима, сепак успеа да направи доволно за да ја донесе победата за Вориорс. Тој постигна 34 поени и фати 10 скока, надополнети со 1 блок и 1 украдена топка. Клеј Томпсон му помогна со 20 поени, иако беше лош од зад линијата за три поени, шутирајќи само 2/8.

Најдобар поединец општо на натпреварот беше Расел Вестбрук, за кого натпреварите против Голден Стејт се секогаш многу важни. Тој ја заврши вечерта со 44 поени, 16 скока и 6 асистенции, а притоа имаше и 2 украдени топки. Пол Џорџ и Кармело Ентони продолжија со неефикасното шутирање од игра и вчера заедно погодија само 9 од 35 шута од поле.

Останати резултати:

Кливленд Кавалирс – Торонто Репторс 112:106

Филаделфија Сиксерс – Бруклин Нетс 121:95

Мајами Хит – Атланта Хокс 101:98

Њујорк Никс – Орландо Меџик 73:97

Чикаго Булс – Шарлот Хорнетс 120:114

Хјустон Рокетс – Вашингтон Визардс 120:104

Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 106:102

Далас Маверикс – Портланд Трејл Блејзерс 115:109

Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 107:104

Јута Џез – Лос Анџелес Лејкерс 117:110

Феникс Санс – Сакраменто Кингс 97:94

Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио Спарс 113:110

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе